svetbeztokigracki

На 8 април 2011, НВО – Новинари за човекови права ја промовираше брошурата “Состојбатa со играчките во Македонија “, во рамки на проектот ПРОИЗВОДИ И ХЕМИСКА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЛКАНОТ. Во неа, на дваесетина страници беше објаснета актуелната ситуација со играчките на македонскиот пазар, законската регулатива во оваа област, сертифицирањето и декларацијата на увезените играчки…
Промотор на брошурата беше Наташа Доковска, координатор на проектот во Македонија и Александра Караиванова, ПР на проектот.
Овој проект се реализира во три балкански држави, а со помош на WECF и BEF.
Проектот е подржан од ЕУ.

На 21 мај 2011, во кафе Вертиго, во Скопје, НВО – Новинари за човекови права го реализираше првиот од неколкуте настани – тестирање на играчки од токсини, во рамки на проектот ПРОИЗВОДИ И ХЕМИСКА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЛКАНОТ.
На овој настан дојдоа дваесетина родители со нивните деца и нивните омилени играчки, со цел да проверат дали играчките им се токсични или не.
toxic_toys01Тестирањето покажа дека 18 играчки имаат хемиски елементи кои се токсични. Гостите на овој настан добија и Водич за безбедни играчки

 

 

 

 

 

 

Registar_za_Sostojba_so_Igracki_vo_Makedonija

Brosura_Igracki