Во рамките на проектот на УНДП за подобрување на меѓуетничките односи во заедниците, а како дел од проектот „Толеранција без стереотипи“ во 2010 – 2011 НВО НЧП подготви препораки до новинарите од локалните медиуми во Македонија, кои покриваат меѓуетнички односи и кои први ја покриваат „лошата вест“. Водичот за новинари е прирачна брошура на 16 страни, на македонски и на албански јазик.