Денот на менструална хигиена, 28-ми мај, е глобален ден за подигање на свесноста за УМХ. Има за цел разбивање на табуата и подигање на свесноста за важноста од УМХ за жените и адолесцентките во светот. Инициран е од страна на германската невладина организација WASH UNITED во 2014 година. Иницијативата за Ден на менструална хигиена доби поддршка од над 270 глобални партнери кои се посветени на менструалното здравје и хигиената да станат приоритет во светот. 28 мај беше избран поради неговата симболика бидејќи мај е 5-ти месец од годината, а просекот кај повеќето жени е 5 дена секој месец, со циклус од околу 28 дена.

На следниот линк прочитај повеќе: Факти за УМХ