Прашањата и приоритетите на водата за пиење беше тема на работилницата одржана на 7 јуни 2018 година во Хотел Континентал, Скопје,. Во организација на НВО -Новинари за човекови права од Македонија. Оваа еднодневна работилница посветена на Директивата за вода за пиење на ЕУ, ја следи рамката на НЧП кон нејзината цел за правичен пристап до вода за пиење и санитација за сите, а во рамките на проектот “Планирање на безбедноста на водата и канализацијата во Романија, Албанија и Македонија”, поддржан од Федерално министерство за животна средина, природа, изградба и нуклеарна безбедност.
На отворањето на обуката говореше Наташа Доковска од НЧП која даде преглед на проектот “Планирање на безбедноста на водите и канализацијата во Романија, Албанија и Македонија”, а Бистра Михајлова од партнерската организација WECF – Германија покажа примери од други земји за Безбедносни планови за мали водоводни системи.
Обуката ја одржа експерт за вода и санитација, вонреден професор на Факултетот за екологија и заштита на животната средина во Букурешт, Михаела Василеску. Таа зборуваше за искуството на Романија во врска со транспозицијата и имплементацијата на ЕУ , даде вовед во Планот за безбедност на водата – законска рамка и методолошки пристап и дискусии во врска со ажурирањето на Директивата за вода за пиење во ЕУ.
За состојбата и регулативата на водата за пиење во Македонија зборуваше проф. Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Македонија.
Работилницата беше наменета за претставници на Центрите за јавно здравје, професионалци кои работат во оваа област и претставници на невладини организации кои ја третираат водата,  а кои изразија  интерес и развија дискусии за Директивата за вода за пиење во ЕУ.
Учествуваа претставници на повеќе институции и организации од Центри за јавно здравје од општините Куманово, Скопје Велес и Тетово, Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата за статистика, Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, санитарното претпријатие Козјак – Старо Нагоричане, како и претставници на ГЕФ ПМГ во Македонија, НВО и “Еко вита”, “Флорозон”, “Радар”, “Еко ѕвон”, “4x4x4 балкански мостови”, “Импакт мрежа”- Македонија  кои ги споделија и разменија искуствата на институциите кај нас со оние во Романија, а кои можат да бидат корисни за нив во врска со ажурирањето на Директивата за вода за пиење во ЕУ.