Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Новинари за човекови права, во рамки на под-проект насловен „Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи“ денеска го промовираше проектот кој се спроведувапреку ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2015 и проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“.

На средбата со новинарите учествуваа и преставници од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар.

Проектот предвидува соработка со 46 фирми од различни сектори: туристички агенции, градежни компании, приватни градинки, малопродажба, услужна дејност, производители на стоки за широка потрошувачка кои ќе бидат сертифицирани за фер однос со клиентите…

– Интересот за сертификација беше неочекувано голем. Дури се пријавија и адвокатски канцеларии, осигурителни и финансиски друштва за чие сертифицирање се потребни дополнителни критериуми. Затоа нив и ќе ги изоставиме во првата фаза, истакна Александар  Николов од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“.

Тој објасни дека за некоја компанија да добие сертификат, неопходно е да исполни најмалку 50 отсто од предвидените 25 услови дефинирани во шест области меѓу кои: безбедност на потрошувачот, фер пазарни практики, односи со корисници и заштита на лични податоци.

Моментно се изготвуваат верификациските извештаи за фирмите, а формирана е и Комисија кај која тие би можеле да се обратат ако не се задоволни од она што е за нив напишано во извешајот.

– Сега барањето е комапниите да исполнат најмалку 50 проценти од критериумите, но целта е да достигнат 100 отсто, потенцира Николов.

До крајот на годинава 46 домашни компании ќе добијат сертификат „фер со потрошувачот“ како вид гаранција дека постапуваат чесно со купувачите или корисниците на нивните услуги, дека нудат производи соодветни на цената, ги решаваат поплаките или евентуалните забелешки спогодбено, со договор, и секогаш се подготвени да излезат во пресрет.

Во рамки на под проектот, Новинари за човековиправи ја промовираше и страницата Среќни потрошувачи, задоволни производители, на коај граѓаните може да се информираат з аправата на потрошувачите, како и за производите и односот на производителите кон нив, нои да пишуваат за сите проблеми со кои се судираат.