Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Новинари за човекови права – НЧП во рамки на проектот „Хемиски безбедни по здравјето играчки во Република Македонија“, поддржан од ГЕФ, програмата за мали грантови и ко-финансиран од Министерството за животна средина, а во рамки на Конкурсот за избор на идејно решение за еколошки безбедна играчка, ги избра 6 идејни решение во двете категории, од 0-3 и од 3-6 години…
На конкурсот добивме 15 идејни решение, а најдобрите ќе продолжат да соработуваат со нас до производство на конечниот производ и наоѓање на компаниај која ќе ја откупи идејата…

За најдобро идејно решение е избрано делото под шифра AGU963 која понуди производство на плетени кукли во две те категории…

Второ идејно решение за деца од 0-3 години е решението под шифра BBC 312 и се однесува на производство на текстилни играчки од износени чорапи, бенкици или бодиња…

Трето идејно решение е на шифрата SUP862,производство на платнени играчки напрстоци – кои треба да ги претставуваат супер хероит ена малите деца,,,

Во втората категорија од 3-6 години, како второ идејно решение избрана идејата под шифра IGR491 која предлага производство на дрвени патики низ кои се провлекуваат врвци

Третото идејно решение на шифрата GAR937,која предлага балансирана играчка, составена од десет дрвени дела…

Се замолуваат сите добитници на наградата да ни се јават по маил до петок и да се договориме за продолжување на соработката и конечно изработка на нивната идеја…

#GEF #GEFPMG #safetytoys