Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

21,10.2019, Скопје
Проектот „ Women 2030 “ финансиран од Европската Унија I GTZ, а спроведуван од WECF, подгрант
на Новинари за човеков иправа отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување
грантови. Грантовите го поттикнуваат прибирањето локални ресурси за иницијативите на ГО и
зајакнувањето на меѓусекторските партнерства придонесувајќи за одржливоста на ГО, нивните
иницијативи и резултати во однос на исполнување на Целите за одржлив развој, медиумски
кампањи…
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации формирани
согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку една година пред
објавата на овој повик, но со приоритет на организациите кои учествуваа на двата треинга
одржани во април оваа година. Посебно се охрабруваат помалите и „грас рут“ ГО да аплицираат на
повикот.
Грантовите се доделуваат во два вида поддршка, за одржување на еден настан:
• Поддршка I: Проекти имплементирани со меѓу- секторско партнерство
Проекти спроведувани од ГО во партнерство со најмалку едно претпријатие и можност
за други партнери од бизнис или други сектори. Партнерите на ГО ќе имаат
специфична улога во проектот и ќе го поддржат со обезбедување на ресурси и
директно вклучување за успешна имплементација.
• Поддршка II: Социјалните медиуми како алтака во исплнувањето на целта
Грантови за ГО за спроведување на модели за мобилизирање на локални ресурси за
одржливост на нивните иницијативи и резултати.
Минималната сума за којашто може да се аплицира е 30.500 ден, а максималната
61.500 ден. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 21.11.2019 до 16
часот.
Предлог проектите треба да ги испратите на електронска пошта:
detstvo@detstvo.org.mk или по пошта на адреса:
НЧП,
ул, Страшо Пинџур бр 7.
Скопје
Резултатите од конкурсот ќе бидат познати на 30 ноември 2019г. на страната на Новинари за
човекови права www.jhrmk.org.