Новинари за човекови права во рамки на проектот  објавува Конкурс за 6 новинари кои ќе подготват и објават стории поврзани со циркуларната економија и зелените работни места од локалните медиуми во Кавадарци, Ресен и Струга.

На конкирсот може да се пријават новинари кои своите стории ќе ги работат со менторство на новинари од НЧП, а потоа ќе ги испратат  истите до detstvo@detstvo.org.mk,  најдоцна до 1 Април 2020 г.

Целата истражувачка работа во текот на времетраењето на проектот на крај ќе биде преточена во текстови и новинарски статии кои ќе бидат достапни до пошироката јавност преку веб страната: www.text.mk. На тој начин голем број на граѓани и граѓански организации ќе имаат можност одблиску да се запознаат со тековните настани и случаи, како и со моменталната состојба во врска со циркуларната економија и зелените места во Сверна Македонија.

  • Подготовка на истражувачки стории поврзани со горенаведеното;
  • Подготовка и објавување на 5 новинарски студии на он-лине весникот/порталот text.mk

Текстовите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на НЧП.

Новирот се согласува да не ги користи статиите  надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од НЧП.

За својот труд новинарите ќе добијат надомест од 3000 денари.

Проектот кој има време траење од 10 месеци е субгрантиран од проектот GEAR/2017/394-354/MКD, од програмата Поддршка на граѓанските организации (ГО) во Северна Македонија во рамки на проектот GEAR – Зелена економија за развој на регионот.