Новинари за човекови права во наредните шест месеци ќе го имплементира проектот насловен „Подигање на глас за невидливата работна сила“ во рамките на проектот: „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој е во рамките на иницијативата за соработка на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција – „Хоризонталeн инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal facilities II) 2019-2022 г.

Трговијата со луѓе за трудова експлоатација е глобален феномен: може да влијае на секој регион, земја и економски сектор.

Северна Македонија според последниот извештај што се однесува на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе продолжува да биде земја на потекло, транзит и дестинација на жртвите од трговија со луѓе.

Целта на проектот е е да се подигне свеста на македонските граѓани за ризикот поврзан со трговијата со луѓе за трудова експлоатација, со употреба на широк опсег на алатки соодветно за различни целни групи во ризик, во земјата и во странство. И уште: да се подобри безбедноста на македонските граѓани од трговија со луѓе преку ублажување на ризикот од експлоатација, подигање на свеста за опасностите поврзани со трговија со луѓе и работа во странство, да се подобри знаењето за ваквите практики и како да се добие помош.

___________________________

„Хоризонталниот Инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ е заедничка иницијатива на Европската унија и Советот на Европа која им овозможува на корисниците да ги исполнат своите агенди за реформи во областа на човековите права, владеење на правото и демократијата и во согласност со европските стандарди, вклучително и кога е соодветно во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Оваа тригодишна програма опфаќа активности во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција, како и Косово * и ја спроведува Советот на Европа од мај 2019 година.
* Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата на ОН 1244 и Мислењето на МСП за косовската декларација за независност “