Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Проектот кој има време траење од 10 месеци е субгрантиран од проектот GEAR/2017/394-354/MКD, од програмата Поддршка на граѓанските организации (ГО) во Северна Македонија во рамки на проектот GEAR – Зелена економија за развој на регионот.

Новинари за човекови права во рамки на проектот „Циркуларна економија за младински просперитет“ започна да објавува кратки приказни за бенефитот од циркуларната економија. Денешнатa приказна е посветена на преработката на отапдотод маслото за јадење во енергија. Фрлањето на отпаднo масло за јадење во водоводните и канализационите системи во 40% од случаите е причина за нивно запушување. Отпадните масла може да се стврднат и со тек на време да се наталожат во цевките, процес кој може да доведе до блокирање на јавните одводи. Ако отпадните води не можат да се движат слободно низ цевките може да предизвикаат протекување и излевање во домовите и надворешната средина, што предизвикува сериозни нехигиенски услови и загадување.

Еден литар отпадно масло за јадење може да загади до еден милион литри вода

  • Секој литар отпадно масло за јадење фрлено во одвод чини околу 17 евро центи по жител, трошок кој е изразен преку сметките за вода.
  • На годишно ниво водоводните компании во западните земји трошат во просек 17,5 милиони евра за санирање на блокадите предизвикани од масти и масла за јадење кои се исфрлени преку канализационите одводи. Во Велика Британија, 50-75% од сите блокади на канализационите системи се предизвикани од отпадни масла и масти, што претставува трошок од 100 милиони евра на годишно ниво.
  • Еден литар употребено масло за јадење има енергетски својства кои може да се искористат за работа на телефонски полнач од 1000 часа.
  • Со еден литар употребено масло за јадење може да се создаде доволно енергија за да се направат 240 шолји кафе.
  • Според анализи направени на ниво на Европската унија (ЕУ), потенцијалната количина на отпадни масла и масти за јадење која се предвидува дека може да се собере на годишно ниво изнесува 8 килограми по глава на жител.

Согласно со вкупната популација во ЕУ која изнесува околу 500 милиони жители, тоа значи дека годишниот капацитет, односно потенцијал за собирање е 4 милиони тони отпадно масло.

Во пракса, во сите земји членки на ЕУ на годишно ниво се собираат околу 725 илјади тони отпадни масла и масти за јадење од индустријата и домаќинствата, што претставува 1,45 кг. по жител. Во Македонија се собираат над 600 тони отпадно масло секоја година, односно околу 0,3 кг. по жител.

Према одредени анализи и статистички податоци се смета дека 20-30% од количините на маслата за јадење остануваат како отпадни масла. Проценките покажуваат дека во нашата земја има простор да се собираат уште повеќе количини на отпадно масло, особено од домаќинствата бидејќи до сега немаше функционален систем за собирање во овој сегмент. За да се приближиме до европскиот просек по глава на жител, на годишно ниво треба да се собираат уште 2000 тони отпадно масло.

Комапнијата Суниленс започна со собирање, складирање, преработка и третман на отпадни масла и масти за јадење. Како пионери во оваа индустрија во Македонија, компанијата воспостави ефикасен систем за целосно управување со отпадните масла за јадење. „Заедно со Вистински Дела На Љубезност го реализираат заедничкиот проект за собирање на отпадно масло од домаќинства #рециклирајидонирај, а секо што ќе собере одредена количина масло ке добие половина литар масло за готвење кое може да го донира или да го земе за сопствена употреба.

Проектот кој има време траење од 10 месеци е субгрантиран од проектот GEAR/2017/394-354/MКD, од програмата Поддршка на граѓанските организации (ГО) во Северна Македонија во рамки на проектот GEAR – Зелена економија за развој на регионот.