Новинари за човекови права во рамки на проектот „Циркуларна економија за младински просперитет“ започна да објавува кратки приказни за бенефитот од циркуларната економија. Денешнатa приказна е посветена на еколошките играчки, кои се направени од памучен конец со полнење од рециклиран материјал. Станува збор за првите играчки сертифицирани од страна на Коалицијата за безбедни играчки, а која беше основана во рамки на проектот„Хемиски безбедни по здравјето играчки во Република Македонија“, подржан од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ). Сите играчки имаат едукативна функција и влијаат врз развојот на детето.

 

Проектот кој има време траење од 10 месеци е субгрантиран од проектот GEAR/2017/394-354/MКD, од програмата Поддршка на граѓанските организации (ГО) во Северна Македонија во рамки на проектот GEAR – Зелена економија за развој на регионот.