Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) заедно со проектнитe партнери ЕХО од Штип, Рурална Коалиција од Куманово, Лулуди и Новинари за Човекови Права од Скопје добија финансирање од Европската Унија за проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, со чија имплементација започнавме на 1ви јануари 2021.  Проектот ќе се спроведува на локално ниво (17 општини), во соработка со невладини организации кои работат со маргинализирани групи, а во временски период од 3 години.
Земајќи ја во предвид нашата соработка во областа родово одговорно буџетирање се надеваме на ваша поддршка при имплементирање на проектот. Би сакале да ве информираме дека во вториот дел од имплементацијата на проектот постои и можност за ваше вклучување односно суб-грантирање на граѓански организации за изработка на родова анализа за влијанието на Covid-19 одговорот и мерките за закрепнување од кризата, користејќи РОБ алатки.
Краток опис на проектот:
Поттикнување на проактивноста на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Илинден, Старо Нагоричане, Липково, Брвеница и
Теарце). Проектот е синхронизиран и дополнително ќе ги зајакне капацитетите на постојната неформална Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со проширување на
членството со граѓански организации (ГО) од целните општини истовремено застапувајќи ги интересите на руралните жени и мажи, сиромашни жени и мажи, жени и мажи со попреченост, маргинализираните жени и мажи ( од етничка, религиозна или сексуална природа) и жени и мажи од ранливите возрасни групи (млади и постари граѓани).
Целни групи:
ГО кои застапуваат жени и мажи од маргинализирани групи (рурални, жртви на насилство, Роми и екстремно сиромашни).
Главни активности:
WP 1: Мобилизација на граѓани Истражување на постојна состојба за потребите и ставовите; перцепциите за родовата еднаквост; учеството и донесувањето одлуки; 17 форуми на заедниците со цел идентификување на потребите и приоритетите на жените и мажите; 17 проценки на политиките/модели на политики; Завршно
истражување за утврдување на промената во потребите и ставовите, перцепцијата за родовата еднаквост, учеството и донесувањето одлуки.
WP2: Градење на капацитетите на ГО Проценка на потребите за обука; Обука преку два модула (воведна и напредна обука за РОБ); Подгрантирање на локалните граѓански организации за подготовка на извештаи за РОБ;
WP 3: Промовирање на Мрежата за родово одговорно буџетирање како партнер на општините. Работилници на локално ниво за развој на стратегија за комуникација и застапување за секоја ГО и соодветно спроведување; 17 локални дебати; Регионални конференции (во партнерство со ЗЕЛС);
Резултат:
Општи цели:  Преку структурно вмрежување и соработка со локалната самоуправа, до креирање политики и буџети кои ќе одговорат на потребите на жените и мажите, особено во време на криза.
Специфични цели: Мобилизација на граѓаните во партиципативните процеси и придонес во донесувањето одлуки на локално ниво преку проценка на родовиот буџет и иницијативите за политика насочени кон социјално вклучување и зајакнување на родовата еднаквост;
Градење капацитети на ГО за користење на РОБ алатки за проценка на усогласеноста помеѓу политиките и буџетите и потребите на мажите и жените;
Унапредување на МРОБ во следењето на трошењето на јавните финансии на локално ниво застапувањето за родово одговорни буџетски политики / програми. ;
Очекувани резултати:
– 17 состаноци / дебати за политики / буџетски форуми;
750 вклучени граѓани;
17 општини вклучуваат финансии во X буџетската програма;
34 обучени организации;
4 вебинари и 4 заеднички практики организирани со 100 учесници кои разменуваат искуства од РОБ;
Буџет:
445,357.00 €
Временска рамка: 40 месеци (до Април, 2024)