Повеќе од 75 години по бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки, договорот за забрана на ова оружје со катастрофални хуманитарни последици стапува на сила. Земјите кои се приклучија на Договорот за забрана на нуклеарно оружје се обврзани да се придржуваат до забраните на договорот и да ги спроведуваат неговите обврски. Нормативното влијание на договорот ќе расте кога државите-членки и граѓанското општество се залагаат за негово целосно спроведување и универзализација.

„Нуклеарното оружје отсекогаш било неморално, сега е незаконско“, рече Беатрис Фин, извршен директор на ИКАН. “Договорот за забрана на нуклеарно оружје е победа за сите луѓе, овозможена со напорите на граѓанското општество и меѓународната заедница. Неколку нации го држеа светот како заложник со овие ужасни оружја. Со договорот ги кршиме тие синџири и почнува да се црта нов курс кон светот без нуклеарно оружје “.

21 јануари 2021 година е клучна пресвртница кон целосна елиминација на нуклеарното оружје. Низ целиот свет, активистите на ИКАН го одбележуваат историскиот ден, а само колку за постетување токму поради овие заложби на ИКАН пред две години Коалицијата ја доби Нобеловата награда за мир. Од Македонија членка на ИКАН е ГО – Новинари за човекови права.

Влегувањето во сила на Договорот за забрана на нуклеарно оружје е ден од најголемо значење за ICAN и за меѓународниот мир и безбедност. Тоа е почеток на ново поглавје: крајот на нуклеарното оружје.