Во рамки на проектот Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост, Центарот за истражување и креирање политики , заедно со проектните партнери- Новинари за човекови права, Лулуди, Рурална коалиција и ЕХО Штип  ја реализира кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“.

На локално ниво се приклучуваме кон одбележувањето на 8ми март-Денот на борбата за женски права, а под глобалната тема: „Жени во лидерство: остварување на еднаква иднина во свет на ковид-19“. Целта на кампањата е да се подигне свеста за потребата од подобрување на родовата рамноправност на локално ниво и важноста на родово одговорното буџетирање за постигнување на родова рамноправност.

Спроведовме родова анализа на општинските програми и лидерските позиции во 17 општини, а добиените резултати, во текот на целиот месец март, ќе ги споделуваме на нашите социјални мрежи. Дополнително во рамките на кампањата одржавме работилница  со локалните медиуми, дебата со локалните координатори за еднакви можности и дебата со релевантните Министри.

Родова анализа може да ја најдете ТУКА

#РoдовоОдговорноБуџетирање #ThroughGenderLenses #ЕУсоТебе