Мировното новинарство се разви од истражување кое покажува дека вестите за конфликт често имаат вредносна пристрасност кон насилството. Исто така, вклучува практични методи за корекција на оваа пристрасност преку создавање новинарство во главните и алтернативните медиуми и работа со новинари, медиумски професионалци, публика и конфликтни организации.

Во рамки на проектот „Информации, факти и проверки“ објавуваме водич за новинарите кои третираат теми од оваа област. Целта на овој водич е новинарите да ги следат препораките и насоките на мировното новинарствода со цел да креираат објективни новинарски текстови кои испраќаат позитивна порака и нудат решение.

Линк до водичот: мировно новинарство

 

 

Проектот „Информации, факти и проверки“ е субгрантиран од програмата „Градење на отпорноста на заедниците кон насилниот екстремизам во Западен Балкан“, имплементиран од Форум МНЕ и неговите партнери, а со финансиска поддршка на Европската унија (Инструмент за граѓанско општество и програма за медиуми 2016-2017, Консолидирање на регионални тематски мрежи на граѓански организации, EuropeAid/154870/DH/ACT/Multi) и Министерството за јавна администрација на Црна Гора.