Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на експерт кој работи и ја покрива областа на заштита на децата повеќе од 5 години.
Тема: Политика за заштита на децата
Потребен е експерт за изработка на Политика за заштита на децата како превенција од трговијата со луѓе. Со овој документ ќе се уреди политиката за заштита на децата, според којашто треба доследно да се раководат, да ја почитуваат, да ја промовираат и да ја применуваат сите членови, волонтери, вработени и даватели на услуга од  НЧП

Работни задачи: Од експертот се очекува да ги реализира следните задачи:

  • Таргетирање на проблемот
  • Давање на предлози насочени кон подобрување на заштитата на децата;
  • Да користи методи на превенција усогласени со целната група;
  • Подготовка на документ со јасни упатства за заштита на децата и нивните права
  • Изготвување на детален наративен извештај по секоја активност и споделување на истиот со координаторот на проектот

Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 5 години искуство во областа на заштита на деца.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за експерт“, најдоцна до 03.02.2022 година.

Со почит, Александра Радевска, кординатор
Tел: 071/359939 E-mail: аleksandra@jhrmk.org   /    www.jhrmk.org
Адреса: Страшо Пинџур бр.7/4, Скопје