achieving-the-human-right_front

Новинари за човекови права во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија и извршната канцеларија на Протоколот за вода и здравје при Економсдката Комисија при ОН за Европа, како и европската канцеларија на Светската здравствена организација, го започна проектот – Проценка на пристап до вода и санитација во Република Македонија.

Oбезбедувањето пристап до безбедна вода за пиење и санитација за целото населението, без дискриминација, претставува обврска за сите влади. Сите, било богати или сиромашни, мажи, жени и деца,луѓето кои живеат во урбани и рурални области, имајќи соодветно сместување или не, луѓето со физичка онеспособеност или луѓето кои живеат во институции како затвори или болници, имаат право на пристап до овие услуги. Во 2005 година, Протоколот за вода и здравје стапи на сила, заложувајќи ги неговите страни во Пан-Европскиот регион да обезбедат “еднаков пристап до вода, соодветно на условите и за квантитет и квалитет,да (се) обезбеди за сите членови на населението, особено оние кои страдаат од недостаток или социјално исклучување”.

Признавањето на пристапот до вода и санитација како човеково право од Генералното Собрание на Обединетите Нации и Советот за човекови права во 2010 година, кое беше силно подржано од Франција, ја потврди обврската на владите да обезбеди дека услугите за вода и санитација се достапни, пристапни, безбедни, прифатливи и да може да си го дозволат сите, без дискриминација. Глобалните цели и иницијативи, како што се Милениумските развојни цели и дадената заложба од земјите на Конференцијата за оддржлив развој на Обединетите Нации во 2012 година за обезбедување на прогресивна реализација на човековото право за вода и санитација, како и опсервацијата во моментот на пост-2015 агендата и идните Оддржливи развојни цели, повторно ја изразија важноста од концентрирање на нашите напори и финансиски средства за имплементирање на човековото право за вода и санитација во пракса.

Континуираната поддршка од Франција на активностите за еднаков пристап во рамките на Протоколот за вода и здравје, ја овозможи подготовката на оваа публикација, која има за цел поддршка на процесите на политиките за постигнување на човековото право за вода и санитација. Бодовната картичка за еднаков пристап презентирана во оваа публикација е придонес до генералното размислување на тоа како во пракса да се имплементираат овие обврски и заложби. Определувањето на политики и целни мерки за подобрување на состојбата на пристап до вода и санитација за сите бара да се има детално познавање на тековната состојба, во услови на постојните политички инструменти, стратегии за финансирање и програми за мерки кои придонесуваат за намалување на јазот во пристапот.

Бодовната картичка за еднаков пристап е аналитичка алатка за самопроценка која може да им помогне на владите и другите чинители да се воспостави основа, да се дискутираат идните акции кои треба да се преземат и да се евалуира напредокот. Таа е изградена од наодите на претходната публикација Никој не е оставен: добри практики за обезбедување еднаков пристап до вода и санитација, која беше објавена во март 2012 година на 6-тиот Светски Форум за вода во Марсеј, Франција.

Никој не е оставен ги идентификуваше достапноста до водните ресурси, урбано-руралниот јаз, пристапот за ранливите и маргинализирани групи и прифатливоста како главни контекстуални предизвици врамувајќи ги тековните нееднаквости во Пан-Европскиот регион. Бодовната картичка за еднаков пристап повикува за информација за политичките опции кои можат да бидат избрани од земјите за да се надминат овие различни предизвици.

За таа цел, на македонски и на албански јазик преведена е публикацијата Бодовна картичка за правичен пристап, која ќе ни служи како алатка во процесот на само оценување. Link: https://sites.google.com/site/ednakovpristapdovoda/who-we-are

НЧП во рамките на проектот Бодовна картичка за правичен пристап до вода и санитација во три општини во Македонија (Скопје, Велес и Куманово) и општините што конвинираат кон нив, подготви извештај кој може да го преземете тука:

ИЗВЕШТАЈ_ОД_БОДОВНА_КАРТИЧКА