Најважната цел на проектот “Интеграција на Ромите 2020” е да се придонесе за намалување на социо-економскиот јаз меѓу Ромите и не-Ромите во земјите од Западен Балкан и Турција, како и зајакнување на институционалните одговорности на владите во регионот да се вклучат и да се исполнат одредени цели за интеграција на Ромите

Во Брисел денеска официјално е претставен тригодишниот проект “Интеграција на Ромите 2020”, во вредност од 1,8 милиони евра, која има за цел да се работи на зајакнување на економската и социјалната интеграција на Ромите во Западен Балкан и во Турција. Проект на Регионалниот совет за соработка, кој е финансиран од страна на Европската унија и Фондацијата Отворено општество, е всушност продолжување на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, за време на која има одреден напредок, но сé уште има голем број на проблеми поврзани со нивото на вклученост на Ромите во општеството.
Најважна цел на проектот “Интеграција на Ромите 2020” е да се придонесе за намалување на социо-економскиот јаз меѓу Ромите и не-Ромите во земјите од Западен Балкан и Турција, како и зајакнување на институционалните одговорности на владите во регионот да се вклучат и да се исполнат одредени цели за интеграција на Ромите.

Ќе ги опфати областите на вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата и пријавувањето на граѓаните, но и прашањата на дискриминација, сиромаштија и родовата еднаквост.

Проектот е обид од страна на Советот за регионална соработка ова важно прашање да го вклучи во неговата работа, како и стратегијата на “ЈИЕ 2020”.

Вклучени се седум корисници на инструментот за претпристапна помош ИПА II – Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово *, Црна Гора, Србија и Турција, а седиштето на проектот е во Белград.
Ромите во регионот секојдневно се соочуваат со многу предизвици, како што се социјална исклученост, сегрегација и маргинализација што доведува до недостаток на образование, хроничната невработеност и ограничен пристап до здравствена заштита, домување и основните услуги, како и висок степен на сиромаштија.