Предизвици и пречки во однос на малите водоводни системи во руралните средини
во Македонија

Со проектот и содржината на активностите како и за причините и последиците до кои дојдовме во текот на реализација на овој проект – излагање имаше Александра Радевска, координатор на проектот од НЧП. На конференцијата што се одржа на 27.10.2016, во ЕУ Инфо центарот, таа го претстави проектот и рече:
„Го спроведуваме во руралните општини и во регионални основни училишта. Целна група се учениците, наставниците, медиумите, локалните НВО, претставниците од локалната самоуправа и операторите со вода. Работни средби се организираа со локалното население, наставниците и учениците како и со локалните власти. Работилниците со ученици и наставници на регионално ниво за вода, санитација и хигиена, како и за менаџирање со менструалната хигиена заради потреба од воведување на Компендиумот како сеопфатна алатка. Компендиумот поточно се користи за развивање на планови за безбедна вода и санитација. Наменет е за наставниците и општествените чинители во првите два дела, а третиот дел е за учениците. Достапен е на три јазици: англиски, македонски и албански. Целта е да стане дел од факултативна настава на учениците во основните училишта. Како дополнителна мотивација е предвиден и конкурс за дела на тема: „безбедна вода и санитација“.

Проектот во соработка со сите општествени чинители има за цел да ја оцени состојбата со пристап до вода и санитација од технички и здравствен аспект, како и да ги дефинира предизвиците и проблемите во однос на малите водоводни системи во руралните средини. Како специфични цели на проектот произлегоа: етаблирање на координативно тело за информирање во однос на проблеми со питка вода и санитација;
подобрување на актуелните состојби во однос со загадувањето на водата; состојбата и справувањето со загадувањето на водата по летните поплави во Скопско; менаџирање со менструалната хигиена.

Придобивките од Планот за безбедна вода и санитација се:
– Заедниците ја разбираат еко-конекцијата и влијанието врз квалитетот на водата
– Заедниците ја разбираат нивната одговорност за квалитетот на водата
– Снабдувањето со вода може да се подобри преку сопствените активности
– Пакет на мерки за заштита на водата
– Преглед на заштитните зони
– Соработка со фармерите-консултации лице в лице
– Купување или рентање на заштитни зони, пошумување.
– Развој на маркетинг стратегии на производот (вода и храна)
– Подигнување на свеста кај граѓаните
– Лого за производите од санитарните зони
– Вклучување на локалните медиуми
– Транспарентност околу проблемите, решенијата и финансиите

Гордана Несторовска од НВО Радар, ги објасни целите за одржлив развој и водата и санитацијата во Македонија.

Гордана Несторовска од НВО Радар зборуваше за одржливите развојни цели и водата и санитација како предуслов за развој на општините во сите сфери. Одржливиот развој имплицира развој кој ги задоволува потребите на сегашните генерации, без да ја загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Одржливиот развој значи дека при планирање на нашите секојдневни активности, треба да размислуваме и за идните генерации. Глобалните цели (се однесуваат на период  од 2015 до 2030) имаат за цел да им овозможат на земјите патоказ за финансирање и формулирање на владините политики во следните 15 години, со оглед на тоа што напредокот ќе биде следен и подложен на преглед со помош на серија  глобални индикатори. Содржат 17 цели и 169 специфични точки за тие цели. Со овие цели сакаме да постигнеме: економска стабилност, одржан економски развој, промоција на општествената правичност и заштитат на животната средина, зајакнувајќи ги истовремено родовата еднаквост, еманципацијата на жените и еднаквите можности за вработување за сите, како и заштитата, опстанокот и остварувањето на целосниот потенцијал во развојот на децата, вклучително и преку образованието.
sdg_pictЦел 1 Ставање крај на сиромаштијата, во сите нејзини форми, насекаде. Цел 2 Ставање крај на гладта,  обезбедување на пристап до храна,  подобрување на исхраната и промоција на одржливо земјоделство. Цел 3 Обезбедување на здрав живот и промовирање на благосостојба за сите на сите возрасти. Цел 4 Обезбедување на инклузивно, рамноправно и квалитетно образование, како и промовирање на можностите за доживотно учење за сите. Цел 5 Постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки. Цел 6 Обезбедување пристап и одржливо управување со водата, како и санитарни услови за сите. Цел 7 Обезбедување пристап до прифатлива, сигурна и одржлива современа енергија за секој. Цел 8 Промовирање на постојан, инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите. Цел 9 Изградба на  отпорна инфраструктура, унапредување на инклузивна и одржлива индустријализација и пoттикнување на иновативноста. Цел 10 Намалување на нееднаквоста, во и меѓу земјите. Цел 11 Заложба за создавање на градови и населби  кои се инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи. Цел 12 Постигнување на  одржлива потрошувачка и одржливи  модели на производство. Цел 13 Преземање на итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание. Цел 14 Зачувување  и одржливо користење на океаните, морињата и морскиот свет за одржлив развој Цел 15 Заштита, обновување и промовирање на одржливо користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинувањето и запирање и повлекување на деградација на земјиштето и запирање на губењето на биодиверзитетот. Цел 16 Промовирање на  мирни и инклузивни општества за одржлив развој, обезбедување на пристап до правдата за сите и изградба на ефективни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа Цел 17 Зајакнување на начините на имплементација и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој.

Пристапот до вода, санитација и хигиена  е дел од корпусот на човековите права (ОНН 2010). Се проценува дека 40% од популацијата на светско ниво нема пристап до питка вода, а проекциите се дека процентот ќе расте. Oбезбедувањето пристап до безбедна вода за пиење и санитација за целото населението, без дискриминација, претставува обврска за сите влади. Сите, било богати или сиромашни, мажи, жени и деца, луѓето кои живеат во урбани и рурални области, имајќи соодветно сместување или не, луѓето со физичка онеспособеност или луѓето кои живеат во институции како затвори или болници, имаат право на пристап до овие услуги. Безбедна вода и санитација се основата за постигнување на добро здравје и родова рамноправност. Со одржливо менаџирање на водите допринесуваме за подобро менаџирање на производството на храна и енергија допринесувајки за пристојна работа и економски напредок. Допринесуваме кон зачувување на водените екосистеми, биодиверзитетот и превзамаме акции против глобалното затоплување. За Македонија: Околу 2% од територијата на Република Македонија се под водена површина.  Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според хидрографската поделба, постојат четири слива и тоа: вардарски, Црнодримски, Струмички и сливот на Јужна Морава. Според количините на водени ресурси Р.Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна рапределба. Менаџирана од три Министерства  Легислатива воглавно усогласена со ЕУ директивите и другите меѓународни документи.

Националната стратегија за одржлив развој во РМ е Донесена: 12.01.2010 година Период на имплементација: 2009 – 2030 Седум стратешки определби, базирани на трите водечки принципи и поделени: долгорочни, среднорочни и краткорочни цели, кои се однесуваат на важното прашање за членство во ЕУ, како и на остварување на одржлив развој во Република Македонија. Ниво 1: Стратешка определба бр. 1: Обезбедување членство во ЕУ и усогласеност со Стратегијата за одржлив развој на ЕУ Стратешка определба бр. 2: Зголемување на свеста и посветеноста за одржлив развој Стратешка определба бр. 3: Воведување на Е- управување како поттикнувач на одржлив развој. Ниво 2: Стратешка определба бр. 4: Насочување на јавниот сектор кон одржлив развој Стратешка определба бр. 5: Насочување на финансискиот сектор кон одржлив развој Стратешка определба бр. 6: Насочување на приватниот сектор кон одржлив развој Ниво 3:  Стратешка определба бр. 7: Имплементирање на пилот и демонстрациски проекти за одржлив развој.

Извештај за квалитетот на водата за пиење (ИЈЗ, 2014-2015)
Пристапот до безбедна вода за пиење изнесува 97% и ја категоризира Република Македонија во групата земји во светот со многу висок пристап; 37% од населението во РМ проценето е дека живеат во рурални средини; 27% од руралното население е приклучено на градски водоводни системи; Околу 62% се користат сопствено извориште; Околу 4% од населението во руралните средини зависи од локалните водоснабдителни објекти како бунари, пумпи и сл.

Предизвици: Подобрување на  пристапот до безбедна вода за пиење до 98% во 2020 година, Подобрување на процесите на дистрибуција на водата, вклучувајќи го и уредувањето на заштитните зони околу изворите Подобрување на капацитетите за прочистување на водата и на отпадните води, Канализација, посебно во руралните средини Искористување на енергетискит епотенцијали на водата и отпадот добиен при нејзиното прочистување Справување со отпадот и загадувањето на почвите Имплементација на  нови технологии Соработка, соработка, соработка……

НЧП во рамки на проектот ја промовираше видео презентацијата во која соговорниците говорат за Компендиумот, за Малите водоводни системи и за потребата од менаџирање со менструалната хигиена.

Филмот може да го видите тука:

 

Завршна конференција на проектот и тренинг за безбедна вода

ZAV_K_5

Тимот на македонските претставници го сочинуваа членови на невладината организација Новинари за човекови права и експерти за вода и санитација. На конференцијата „Планирање безбеден водовод и канализација во руралните области на Источна Европа” во Aquatim – Темишвар, Романија, го претставија искуството на Македонија во од однос на планови за мали водоводни системи.

На конференцијата присуствуваа и учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Молдавија. Домаќинот Романија имаше презентации за имплементација на проектот, но и за компендиумот за БПМВС. Оваа публикација сега е преведена на англиски, романски, македонски, албански и бугарски јазик.

ZAV_K_3

Резултатите од спроведувањето на проектот беа споделени од страна на претставници од Романија и Македонија. По поздравниот вовед на г-ѓа Мелани Столзенберг-Линднер од Министерството за животна средина, заштита на природата, градење и нуклеарна безбедност на Германија, учесниците ги поздравија и претставник од романското Министерство за животна средина, вода и шуми, од Министерството за здравство, а се обрати и г-ѓа Саша Габизон WECF, – лидер на проектот. ZAV_K_2

Вовед во „цели за вода и санитација во рамки на Agenda 2030“ беше направен од страна на д-р Клаудија Вендланд и г-ѓа Бистра Михајлова од WECF, која го претстави WSSP компендиумот.

Наташа Доковска ги презентираше наодите за состојбата со вода и канализација во руралните средини во Македонија, а г-ѓа Александра Радевска ги презентираше резултатите од имплементација на проктот во руралните училишта. ZAV_K_1

Д-р Корина Илин од Универзитетот во Темишвар им даде на учесниците перцепција на ризиците по животната средина од страна на експерти и јавноста, д-р Кристина Ника од Aquatim зборуваше за квалитетот на водата и санитарните услови како детерминанти на јавното здравство, проследено со презентација од проф. Михаела Василеску за резултатите од училишта низ Романија.

Сите презентирани наоди се дискутираа со учество на експерти и членови на НВО на  панел дискусијата “Како може WSSP методологијата за малите заедници да се спроведува во земјите и како таа може да се финансира?” модериран од Саша Габизон од WECF и г-ѓа. Моника Исаку од Aquademica.

Состојбата со вода и канализација во руралните области, беше разгледана и преку постер презентации направени од страна на граѓанските организации од Македонија, БиХ, Албанија и Молдавија. Презентираните проекти беа во насока на изнаоѓање на основа за понатамошна соработка и размена на искуства и експертизи.

ZAV_K_4

Искуство и вовед во експертиза беше она што во следните три дена од посетата на Темишвар и Aquademica донесе за македонските експерти предводени од невладината организација Новинари за човекови права. Фондацијата Aquademica, со седиште во Темишвар, основана во 2009 година, е призната како национален тренинг и едукативен центар во областа на животната средина. Тим од тројца лекари од различни центри за јавно здравје во Република Македонија, д-р Мимоза Поповска од Куманово, д-р Љупчо Костадиновски од Скопје и д-р Марјанчо Јосифовски од Штип ја посетија пречистителна станица на Aquatim во Темишвар, каде топлото добредојде од директорот на Aquatim значеше и поголема привилегија за гостите, кои покрај научни предавања и трибини, имаа можност да ја разгледаат станицата која е недостапна за широката јавност. При тоа се запознаа со капацитетите, методологијата на работа и организацијата.Посетата беше високо оценета од страна на македонските лекари.

Aquatim е лиценциран оператор за вода и канализација во Темишвар Каунти, Регионална оперативна компанија која ја опфаќа целата област со своите системи за снабдување со вода во 8 градови, 39 општини и 53 села. Компанијата има повеќе од 900 вработени.

Компанијата е одговорна за квалитетот на водата, животната средина, здравјето и безбедноста со интегриран систем за управување на снабдувањето со вода, во согласност со одредбите на ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001 спецификации.

Нашиот тим имаше можност да види две професионални проекции за значењето на водата за луѓето и човечкото тело, како и природни водни ресурси и начинот на кој се користи за човекот да има доволно вода за пиење во наредните децении. Беше презентиран документарен филм за пронаоѓање и пречистување на подземните води, вода од бунари, вода што тече помеѓу карпите, вода меѓу неколку слоеви на почва, како и различните технологии спроведени за различни области, бидејќи станува збор за различен квалитет и состав на водата.

На панел дискусиите се дискутираше за разлики во составот и квалитетот на водата во Темишвар и во македонските градови Скопје, Велес и Куманово, како се врши прочистувањето, кои делови имаат иста технологија и каде е различно.

Последниот ден од посетата беше од историски природа: посета на првата пречистителна станица во Темишвар дизајнирана од страна на Стен Видригин во 1912 година. Македонските лекари беа едногласни во заклучокот дека стекнаа голем број на стручни знаења за време на оваа посета, а стекнатите знаење ќе бидат пренесени во нивната професионална работа.