Kick_off_meetingЦелта на тригодишниот проект под наслов: “Не молчи! – Запри го насилството врз жените” кој се спроведува во руралните средини околу Скопје (Шуто Оризари, Арачиново, Љубанци и Сарај) и во околината на Ресен (селата Наколец, Стење и Љубојно), е да се подобри превенцијата од насилството врз жените и девојките преку промени во однесувањето, практиките и ставовите.

Проектот ќе трае од Јануари 2017 година до Јануари 2020 година, а се спроведува со донаторска поддршка на Германскиот совет на WWDP (Women’s World Day of Prayer – German Committee).

Проектот ќе биде насочен кон образовните институции (основни и средни училишта), рурални заедници, младински и други лидери во заедницата, како и зајакнување на жртвите на семејно насилство преку нови вештини за започнување иновативни мали бизниси. Формите и манифестациите на насилство врз жените, кои ќе бидат опфатени со проектот се: 1) насилство во домот; 2) насилство во училиштата; 3) насилство на работното место и 4) насилство во јавните простори, што е  во согласност со целите на Фондот за доверба на ОН. Проектот се состои од 3 главни компоненти и повеќе активности во секоја од нив.

Преваленцата на семејно насилство во Македонија е добро позната и покрај недостатокот на официјални статистички податоци кои ја документираат фреквенцијата на појавување. Семејното насилство не е честа тема на јавна дискусија во Македонија. Оние луѓе кои работат директно со жртвите на семејно насилство велат дека проблемот е распространет и дека ги засега сите етнички групи и класи на луѓе. Државата нема воспоставено механизми за поттикнување на пријавувањето инциденти од семејно насилство на државните органи. Покрај тоа, силниот социјален притисок го задржува проблемот на семејното насилство во семејството. Културните норми во Македонија го обесхрабруваат пријавувањето на семејното насилство како „приватна, семејна работа“. Недостатокот на шелтери и други социјални услуги предизвикува слаб поттик кај жените за да разговараат за својот проблем.

И покрај овие општествени вредности, ние како организациja работиме за да се обезбедат услуги за задоволување на потребите на жртвите на семејно насилство и за менување на јавната политика за да се обезбеди поголема заштита и социјализација на овие жени. Во изминатите неколку години, активистките успешно го зголемија јавниот дијалог за семејното насилство. Овие активисти беа успешни во собирање средства за да се истражи прашањето и да се фокусира вниманието на медиумите на проблемот. Овие напори се неопходни за решавање на проблемот ефективно. И покрај неодамнешните успеси на локалните женски организации, владините претставници и општеството во целина и понатаму го негира постоењето на семејно насилство. Скриената природа на проблемот и недостатокот на јавен дијалог овозможува властите да го игнорираат проблемот и да избегнуваат да реагираат ефикасно на овие кривични дела.

Во Македонија од независноста, владее повеќе од дведецениска епидемија на семејно насилство. Според последните официјални информации од Министерството за социјални работи, секоја трета жена во Македонија е жртва на семејно насилство, но секоја петта жена е жртва на вооружено насилство. Најголемиот број жени се невработени, маргинализирани и се борат да преживеат, често со 2 или повеќе деца. Историјата или традицијата на насилство потекнуваат од домот, па во некои рурални области децата и девојките веруваат дека живеење со сторителот дома е нормално.

Нашата цел ќе биде да се едуцираат, да се заштитат и да се зајакнат девојките и жените жртви на семејно насилство во Македонија. Проектот ќе придонесе преку процесот на едукација да се препознае проблемот на семејно насилство и жртвата да знае да го препознае сторителот;  да се заштити себеси и своите деца; да знае кого да информира за насилството и да ги знае своите права; да ги охрабри жените жртви на насилство да започнат мал бизнис; секоја обучена жена да обучува други жени жртви на семејно насилство.

Проектот се спроведува со донаторска поддршка на
Германскиот совет на WWDP (Women’s World Day of Prayer – German Committee)

WWDP_LOGO