НВО – Новинари за човекови права и оваа година го одбележува Светскиот ден на тоалетите, 19 Ноември.
Светскиот ден на тоалетите 2017 ја продолжува темата на Светскиот ден на водите, со фокус на отпадните води.

Како дел од оваа тема, го поставуваме прашањето „Каде одат фекалиите?“
За милијарди луѓе ширум светот, системите за санитација се или непостоечки или неефективни. Фекалиите
се излеваат во животната средина и шират смртоносни болести, сериозно поткопувајќи го напредокот на
здравјето и преживувањето на децата. Дури и во богатите земји, третманот на отпадни води може да биде
далеку од совршен, доведувајќи до тоа реките и крајбрежјето да бидат небезбедни за риболов или
рекреација.
За да се постигне ЦОР 6, треба сите фекалии да бидат складирани, транспортирани, третирани и отстранети
на безбеден и одржлив начин. Во прилог на сериозниот ефект што ќе го има врз здравствените и животните
услови, безбедното управување со отпадни води има голем потенцијал како прифатлив и одржлив извор
на енергија, хранливи материи и вода.

Факти:
• Околу 60% од глобалната популација – 4.5 милијарди луѓе – или немаат тоалет дома или е таков што не
ги отстранува безбедно екскретите.
• 869 милиони луѓе во светот практикуваат дефекација на отворено и немаат никакви објекти за санитација.
• 1.8 милијарди луѓе користат неподобрени извори на вода за пиење без заштита од контаминација од
фекалии.
• Глобално, 80% од oтпадните води генерирани од општеството, се враќаат во екосистемот без да се
третираат или повторно да се користат.
• Само 39% од светското население (2,9 милијарди луѓе) користат безбедно управувани санитарни услуги,
односно екскретите безбедно се складираат на самото место или се третираат на друга локација.
• Во комбинација со безбедна вода и добра хигиена, подобрената санитација може да спречи околу 842.000
смртни случаи секоја година.

Состојба со санитација и во Македонија не е на високо ниво. Фактите го говорат следново:
–  Само 18% од територијата на Македонија е покриена со канализациона мрежа.
– Во урбаните средини 87% од канализацијата е приклучена до градската мрежа, додека во рурарлните
средини 79% од тоалетите немаат пристап до градската канализациона мрежа, односно се со септички
јами.
– Само 16 проценти од Ромите кои живеат во Скопје имаат тоалет во домот… Останатите користат тоалети
надвор од своите домови.

 

Faktograf za Svetski den na toaleti 2017