Светскиот ден на водата, на 22 март секоја година, го фокусира вниманието на важноста на водата. Темата за Светскиот ден на водата 2018 година е “Природата за вода” – истражување на решенија базирани на природата и предизвиците со вода со кои се соочуваме во 21-от век.

Сведоци сме дека оштетените екосистеми влијаат на квантитетот и квалитетот на водата што е на располагање за човечка исхрана. Податоците на глобално ниво покажуваат дека:

  • 2,1 милијарда луѓе немаат пристап до безбедни услуги за вода за пиење, иако тоа е човеково право на ООН. Ова негативно влијае врз здравјето на луѓето, образованието и доживотното живеење.
  • До 2050 година, светското население ќе порасне со околу 2 милијарди луѓе, а глобалната побарувачка за вода може да биде до 30% повисока од денес.

Во европскиот регион, пристапот до безбедна вода не може да се земе здраво за готово. СЗО проценува дека секојдневно 14 лица умираат од дијареални заболувања поради несоодветна вода, санитарни услови и хигиената (WASH) во пан-европскиот регион. Околу 75% од луѓето кои немаат пристап до основните услуги за вода за пиење живеат во руралните средини. Чистата и безбедна вода за пиење дома често е недостапна. Во европскиот регион, 57 милиони луѓе немаат вода дома, а 21 милион луѓе се уште немаат пристап до основните услуги за пиење (СЗО 2018). Овие луѓе користат вода од незаштитени бунари и извори или директно консумираат површинска вода.

Во Балканскиот регион, сведоци сме на континуирано оштетување на изворите на вода. Како потсетник, меѓународните банки инвестираа милиони евра во деструктивниот развој на хидроенергијата во целиот регион. На Балканот се планираат над 3.000 хидроенергични проекти, со што ќе биде погодена речиси секоја река во регионот.

Повеќе од 3.000 брани и пренасочувања во хидроенергијата се предложени или се во процес на градење на Балканот, покрај веќе 1.000 постоечки. Овие брани ќе предизвикаат непоправлива штета на реките, живиот свет и локалните заедници, а и покрај тоа, 80% од балканските реки се сеуште чисти и здрави, наспроти реките во Централна Европа. Всушност, проценката на хидроморфологијата на 35.000 км балкански реки покажа дека 30% од нив се чисти, а 50% се многу здрави, што е највисок процент во Европа.

Овие брани и пренасочување на реките ќе ја уништат албанската река Вјоса – најголемата и последната непреченадива река во Европа, а веќе постои закана за исчезнување на дунавскиот лосос во Босна и Херцеговина, додека опстанокот на балканскиот рис во Македонија е загрозен .

Македонија не е исклучок од предизвиците што ги носи водата. Бевме сведоци на поплави со смртоносни последици и големи материјални штети, пристапот до вода и санитација не е онакако како што посакуваме, имаме големи разлики во однос урбани – рурални средини, пристапот до безбедна вода во училиштата во руралните средини е далеку од стандардите, а Скопје нема јавен тоалет!!!

Новинари за човекови права и како имплементатор на проектот Планирање на безбедноста на водата и санитацијата во Романија, Македонија и Албанија, а подржан од Министерството за животна средина на Германија и во соработка со ВЕЦФ, апелира до валстите во Македонија да се обрне поголемо внимание кон одржување на изворите на вода, особено од онаму од каде што вода црпат малите водоводни системи, бидејќи не смееме да заборавиме дека безбедна вода е еднакво на здрава нација. Новинари за човекови права, како дел од  Балканската мрежа за WASH, посветена на постигнувањето на човековите права и целта 6  од Целите за одржлив развој, апелира од сите општествени чинители  да учествуваат во постигнувањето целта 6 од ЦОР обезбедувајќи правично снабдување со безбедна вода.

Новинари за човекови права бара квалитетна поддршка за постигнување на сите подцели во Целта 6: обезбедување, достапност и одржливо управување со водата и санитарните услови за сите. Бара да се слушне гласот на граѓанските организации и сериозно да се прифатат препораките од Извештајот во сенка во однос на управување со водата…Македонија има пред себе голем пат да изоди до конечно постигнување до Целта 6.

Како да се решат предизвиците со водата?

Науката вели дека се можни решениа базирани на природата, кои исто така, играат голема улога во постигнување на голем број други цели за одржлив развој, како што се ЦОР 7 за енергија, и други ЦОРови. На пример,влажните станишта можат да го намалат загадувањето со филтрација и да ја зголемат биолошката разновидност преку проширување на природните живеалишта.

Да ја одржиме водата чиста, бидејќи без љубов може да се живее, но без вода никој не може да преживее.