Новинари за човекови права во рамките на проектот „Воведувањето на План за безбедност на вода и санитација„, а како дел од Балканската ВОШ (за вода, санитација и хигиена) мрежа го најавува промотивниот настан на 26 Мај, на плоштад Македонија, Скопје,  од 14 часот,за  одбележување на Денот за одржување на менструалната хигиена, оваа година под мотото #NoMoreLimits.

Оваа година НЧП адресирајќи го проблемот во сиромаштијата во однос на ова прашање, настанот  ќе го реализира во рамките на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus, а чиј имплементатор во Македонија е Македонската платформа за сиромаштијата.  Настаните имаат за цел да повикаат на активизам со цел  да се изгради свест за важноста на адекватните, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход врз целото општество.
Адресирајќи го проблемот со недоволното одржување на менструалната хигиена во услови на сиромаштија, НЧП се вклучи во заедничкото одбележување на денот. На настанот, во рамките на нашата презентација, ќе ги објавиме резултатите од последното истражување за пристапноста на хигиенските влошки во Македонија, и ќе повикаме на намалаување на цената на истата, намалување на даночната стапка за хигиенските влошки – тие не се луксузна стока, и ќе побараме одржувањето на менструалната хигиена да влезе во родовото буџетирање.  Истовремено НЧП ќе ги повика локалните бизнисмени и заинтересирани страни да започнат производство на хигиенска влошка за повеќекратна употреба. Нашиот експертски тим разви идеја за нејзиниот состав и нејзино производство – потребна е само компанија која што ќе ја произведе и со тоа ќе влијае на намалување на цената за одржување на менструална хигиена, ќе го намали загадувањето на животната средина и ќе има протективна улога врз репродуктивното здравје на жената…

Ве чекаме, јавете се да соработуваме!!!

А во меѓувреме може да ни помогнете во градење на сликата за состојбата со одржување на менструалната хигиена преку одговарање на прашањата ТУКА…(само за девојки и жени)