Новинари за човкови права во партнерство со Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР, а со поддршка на на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), организираа едно дневна работилница на тема  „Хемикалиите невидлива опасност во играчките во Македонија“ и дебата на тема Институционална одговорност за хемиски безбедни играчки.

Првиот ден учествуваа претставници на НВОии кои ги согледаа и разговараа за проблемите со кои се соочуваа граѓаните и децата во контактот со играчките, додека вториот ден им се презентираа проблемите на општествените чинители и се побаар од нив акции.

ГО заклучија дека има несоодветно информирање на граѓаните за небезбедноста на играчките, дека декларациите се нејасни и нечитливи, дека не се тестираат соодветно играчките и дека нема соодветна едукација за оваа проблематика. Истовремено побараа:

  • Соодветна и навремена информација за небезбендоста на производите
  • Декларациите да бидат читливи и јасни за купувачите, а беше прифатена како опција и предлогот на НЧП за електронско читање на декларациите преку скенирање на бар кодот
  • Тестирање на играчките на сите 7 хемикалии кои ги пропишува ЕУ Директивата за безбедни играчки (кај нас сега се третираат само 3 хемикалии)
  • Позаострена инспекација во продавниците за играчки
  • Едукација на населението да ги чита и разбира декларациите.

На работилницата и дебатата учествуваше и проф. од технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, проф. Горан Начевски кој изрази подготвеност да соработува на проектот и да се отвори независна лабораторија за тестирање на непрехранбени производи, со што ќе имаме референтна лабораторија независна од државата.

Овие барања и беа пренесени на д-р Меланија Ристовиќ од Државнот санитарен инспекторат, која потврди дека инспекторатот е расположен за соработка и дека стои на располагање за секаква соработка во насока на подобрување на работите на ова поле.

Заедниќки се догворовме за сите овие проблеми и барања да поразговараме на уште еден состанок кој ќе се одржи во средината на март.

Генерални цели:

–     Зајакнување на капацитетите на Министерството за економија, Министерството за здравство и Министерството за екологија како одговорни за еколошките критериуми, да го поттикнат испитувањето и  еколошко означување на производите како значаен инструмент со кој може да се намали штетното влијание врз животната средина и природата, предизвикано од производите и услугите за време на нивниот целосен животен циклус, од почетокот на дизајнирањето на производот, па се до грижата по неговото искористување, при што се остваруваат значителни заштеди на вода, хемиски супстанци и енергија, а воедно се намалува отпадот.

–      Поттикнување на медиумите да го отворат ова прашање во јавноста иинформирање на граѓаните за штетноста и по нивното здравје и по околината од употребата на неиспитани играчки со сомнителен квалитет

   Поттикнување и промоција на првата македонска еколошка играчка

 Македонија е преплавена со сомнителни играчки, кои може да содржат опасни хемикалии, а немаат ниту декларации, ниту, пак, се знае кој ги увезува. Никој во земјава не ги контролира играчките што често содржат токсични и канцерогени материи за кои е докажано дека меѓу другото, предизвикуваат неплодност кај девојчињата, оштетувања на нервниот систем, алергии. Заради евтината цена, родителите купуваат се повеќе играчки, кои, заради лошиот квалитет, и брзо се кршат и завршуваат на депонии. НЧП и РАДАР со помош на овој проект на граѓаните ќе им понуди да избираат меѓу небезбедните и првата македонска еко играчка…

Истовремено, преку воспоставување на координативно тело меѓу сите општествеи чинители, ќе допринесеме за јакнење на соработката и довербата помеѓу државните институции одговорни за ова прашање и претставниците на граѓанскиот сектор. Со помош на медиумите темата за безбедни производи и безбеди играчки ќе јаразбудиме јавноста во изборот на истите. За сите случувања околу безбендите производи ќе можете да не следите на www.jhrmk.org и www.protosuvaci.mk

Повеќе информации за ГЕФ ПМГ ќе најдете на www.gefsgpmacedonia и https://sgp.undp.org

 

EU direktiva         ЦЕЛИ ЗА ОДЖЛИВ РАЗВОЈ И oдржливи играчки      bezbedni ekoloski igracki_31_01