Децата лишени од родителска грижа пронајдени во друга земја членка на ЕУ, имаат за цел да го зајакнат одговорот на сите релевантни чинители за заштита на децата. Заштитата на овие девојки и момчиња е најважна и е обврска за земјите-членки на ЕУ, кои произлегуваат од меѓународната и европската правна рамка. Водичот вклучува фокус на децата-жртви на трговија со луѓе и деца изложени на ризик и ги зема предвид идентификуваните модели, вклучувајќи ја и родовата специфичност на криминалот.
Преку збир на “10 акцтивности” водичот дава практични сугестии за тоа како да се идентификуваат, да се повикаат и да се поддржат децата, да се објасни како да се имплементираат принципите, како што се правото на детето, како и да се обезбеди нивниот најдобар интерес при одлучувањето за трајно решение. Водичот нуди практични информации за подобрување на националната и транснационалната соработка во рамките на ЕУ и за поддршката која релевантните агенции на ЕУ можат да ја обезбедат, вклучително и за борба против неказнивоста која ја поттикнува трговијата со деца. Овие упатства се од корист за професионалците, како што се службите за спроведување на законот и правосудните органи, социјалните работници, здравствените работници, службениците за заштита на децата, старателите, судиите, адвокатите или централните власти основани според Регулативата во Брисел, но исто така и органите што ги дефинираат процедурите и протоколите. Зајакнувањето на соработката во рамките на ЕУ и промовирањето на пристапот за фундаментални права на сите вклучени учесници ќе ја зајакне заштитата на сите деца лишени од родителска грижа, вклучувајќи ги и децата-жртви на трговија со луѓе и да придонесе за превентивни напори.

Водичот може да го најдете ТУКА.