Жените имаат право да ги уживаат највисоките стандарди на физичко и на ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и на приватниот живот. Грижата за здравјето на жената значи грижа за себе! Но, дали секоја жена има пристап до основните стандарди на физичко и ментално здравје? – За жал, не! Што се случува со тие жени и девојки во време на криза и прогласена пандемија? Во период на криза менструалната сиромаштија уште повеќе се зголемува! Дали и колку се разговара за потребите на жените и како тие се справуваат со менструацијата или со менопаузата во услови на пандемија? Што се е потребно за да управуваме со женското здравје во услови на пандемија?

За сето ова слушнете во онлајн предавање на тема „Женското здравје во услови на пандемија“, што се одржа  во организација на организација Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“ на 29 април 2020г.(среда), на платформата Zoom.
Предавањето го одржавме  претставнички на Новинари за човекови права, а соработници на Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“,  Александра Радевска, Андреа Накова и Наташа Доковска.

Заедно учиме, се информираме и разговараме за женското здравје.Грижата за здравјето на жената значи грижа за себе! И сметаме дека женското здравје не треба да ја засега само жената, туку целото општество.

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“ во периодот април-мај 2020 ќе организира бесплатни онлајн предавања со цел подобрување на квалитетот на слободното време поминато дома. Со ова сакаме да поттикнеме дека едукацијата е секогаш потребна, дури и во време на пандемија.

Од ЛУЛУДИ најавуваат дека ќе имаат и други вакви предавања…Следете ги!