Екстремистите и насилниот екстремизам секогаш се обидуваат да користат привлечни пораки и наративи како средство за привлекување на следбеници кон својата кауза. Во модерното време, следува дека Интернетот и социјалните медиуми претставуваат значајна и лесна за употреба медиум за инспирација, радикализација и регрутирање на млади луѓе. Очигледно е дека ако борбата против насилниот екстремизам (CVE) треба да биде ефективна, мора да има поголем фокус и ресурси што ќе бидат ставени на располагање за развој на ефективни контра наративи, и преку Интернет, како и на традиционалните медиуми. Контра наративните програми се интензивни со време и ресурси и бараат посветено дејствување.

Тимот на НЧП во период од шест месеци ќе води кампања да се спротивставиме на насилниот екстремизам. Преку стории, наративи и приказни јавноста ќе има можност да разбере и да се едуцира за улогата на екстремниот радикализам, да се информира, но и да открие порака за решение на проблемот. Раскажувањето на приказните ќе биде секогаш во прво лице еднина, а ќе говорат лица кои имаат експертиза за ова и лица кои се судриле со насилниот екстремизам… Приказните ќе се снимаат на териротија на Северна Македонија, а ќе се прикажуваат на социјалните емдиуми, како и на порталот ТЕХТ.МК

Проектот „Информации, факти и проверки“ е субгрантиран од програмата „Градење на отпорноста на заедниците кон насилниот екстремизам во Западен Балкан“, имплементиран од Форум МНЕ и неговите партнери, а со финансиска поддршка на Европската унија (Инструмент за граѓанско општество и програма за медиуми 2016-2017, Консолидирање на регионални тематски мрежи на граѓански организации, EuropeAid/154870/DH/ACT/Multi) и Министерството за јавна администрација на Црна Гора.