Новинари за човекови права во рамки на проектот „Информации, факти и проверки“, а со цел да понудиме информации за начинот на третирање на темата од страна на медиумите во Северна Македонија и регионот таргетиравме неколку медиуми во кои по клучни зборови дојдовме до анализата за третирањето на темата.

За таа цел беше развиена рамка за кодирање за анализа на содржината и ја опфати следнива  структура: повод за третирање на темата, темата, географска припадност на субјектот, однос на новинарот кон темата и субјектот, соодветна употреба на терминологијата, видот на настанот, текстуалната опрема (фотографија, графика, снимка, тон)  жанрот, односот на субјектот со објектот и изворот.

Анализата на медиумите кои третираат тероризам и насилен екстремизам како тема може да ја најдете на следниот линк АНАЛИЗА НА МЕДИУМИ.

 

Проектот „Информации, факти и проверки“ е субгрантиран од програмата „Градење на отпорноста на заедниците кон насилниот екстремизам во Западен Балкан“, имплементиран од Форум МНЕ и неговите партнери, а со финансиска поддршка на Европската унија (Инструмент за граѓанско општество и програма за медиуми 2016-2017, Консолидирање на регионални тематски мрежи на граѓански организации, EuropeAid/154870/DH/ACT/Multi) и Министерството за јавна администрација на Црна Гора.