Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на тренер, кој работи и ја покрива областа на трговија со луѓе повеќе од 5 години.
Тема: Тренинг за претставници од граѓански организации за зајакнување на капацитети на ГО за справување со трговијата со деца.
Потребен е експерт за еднодневна обука за институционалната рамка на трговијата со луѓе, разликите меѓу трговијата со луѓе и шверцот на луѓе со посебен осврт на децата, специфичните ризици за децата на улица, превенцијата на децата жртви на трговија со луѓе од секундарна виктимизација, пристапот до информации.
Работни задачи: Од експертот се очекува да ги реализира следните задачи:
‐ Подготовка и презентирање на материјали (пр. агенда, презентации…)
‐ Практични примери со што ќе ја приближи темата до кандидатите
‐ Спроведување на обуката
‐ Подготовка на извештај од обуката
Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 5 години искуство во областа на трговија со луѓе.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за тренер“, најдоцна до 28.09.2021 година.

Александра Радевска, кординатор
Tел: 071/359939 E-mail: аleksandra@jhrmk.org   /    www.jhrmk.org
Адреса: Страшо Пинџур бр.7/4, Скопје