На 10.12 во паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром се одржа средба помеѓу градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски. амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, н.е. Рејчел Галовеј и координтарот на проектот  од НВО Новинари за човекови права, Андреа Накова, на која беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“. Проектот го имплементира Новинари за човекови права, а е поддржан од Британска Амбасада Скопје.
Во склоп на настанот беа презентирани дрвените куќички – хотели за опрашувачи кои беа изработени во склоп на проектот, а подоцна донирани на општината. Овие куќички претставуваат прибежишта за опрашувачите во текот на зимските месеци, помагаат во нивно зачувување во урбани средини.
На средбата се разговараше за важноста на опрашувачите за екосистемот, како и потребата за едукација на најмладите на овие теми. Заедничкиот заклучок е дека со децата треба да се работи од најрана возраст на едукација за важноста на климатските промени, потребата да се делува итно и чекорите кои може да ги превземе секој од нас.
Општината за следната година планира да ја вклучи екологијата како тема во редовната наставна програма, што е одлична можност за превземање на први чекори кон зачувување на животнат средина.
Новинари за човекови права во своите заложби за еколошка едукација во училиштата веќе го има подготвено Компендиумот за вода и санитација.