Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на експерт кој работи и ја покрива областа на онлајн безбедност повеќе од 5 години.
Тема: Алатка за за онлајн безбедност на децата.
Потребен е експерт за изработка на алатка за онлајн безбедност на децата како превенција од трговијата со луѓе преку користење на интернет комуникацијата. Алатката (прирачник) ќе им помогне на корисниците (родители, деца, наставници) при престојот на децата на интернет да ги препознаат и да се справат со модерните закани и ризици од злупотребата на децата на интернет.
Работни задачи: Од експертот се очекува да ги реализира следните задачи:

  • Таргетирање на проблемот
  • Давање на предлози насочени кон подобрување на онлајн безбедноста;
  • Да користи методи на превенција усогласени со целната група;
  • Подготовка на алатката (прирачник) за корисниците на интернет со јасни упатства за безбедносните ризици и препораки за нивно отстранување и избегнување.
  • Изготвување на детален наративен извештај по секоја активност и споделување на истиот со координаторот на проектот

Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 5 години искуство во областа на онлајн безбедност.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за експерт“, најдоцна до 03.02.2022 година.

Со почит, Александра Радевска, кординатор
Tел: 071/359939 E-mail: аleksandra@jhrmk.org   /    www.jhrmk.org
Адреса: Страшо Пинџур бр.7/4, Скопје