Секретаријатот на Конференцијата за вода на ООН ги прифати двата предложени настани на кои ќе учествуваме. Ова значи дека тие ја препознаваат и ја ценат нашата активност во областа на правичниот пристап до вода и канализација и менструално здравје.
Првиот настан е во рамките на ID 1: Вода за здравје: пристап до миење, вклучувајќи ги и човековите права на безбедна вода за пиење и канализација (SDG 6,1, 6,2, 6,3 и SDGS 1, 3, 4, 5, 17), под наслов Санитација и менструално здравје: Ангажирање на засегнатите страни во унапредувањето на менструалното здравје и санитација на училиштата и е закажано за 24 март од 15:30 до 16 45.
На овој настан ќе бидат споделени добри примери од светот за управување со менструалното здравје и е организирано од Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија, додека како ко организитори се јавуваат .WECF од Германија 2. Новинари за човекови права, Северна Македонија 3. Бонд, Индија 4. Програма за животна средина на жени, Нигерија 5. Редес Дел Агуа, Латинска Америка, Мексико 6. Милиеконтакт, Албанија 8. Дива за еднаквост, Фиџи 9. Ерменски жени за здравје и здрава околина, Ерменија 10. Вен, Велика Британија 11. Онгава – Ингениера пара Ел Десароло Хумано, Шпанија.

Вториот настан е закажан за првиот ден, 22 -ри март, домаќин е Министерството за животна средина на Република Молдавија и како ко организатори се јавуваат ВЕЦФ Интернационал –  2. УНЕЦЕ Секретаријат на конвенцијата за вода 3 Министерството за животна средина, Северна-Мекедонија 4. Меѓународен фонд за Аралското Море ИФАС, Казахстан 5. Еко-Тирас мрежа на невладини организации, Молдавија 6 Нго, Киргистан 9. Социо-еколошки фонд, Казахстан 10. Новинари за човекови права, Северна Македонија.

Темата на овој с настан е добри практики за интегрирана и прекугранична соработка со вода: ангажман на засегнатите страни во прекугранична и меѓународна соработка.