Pros4Democracy

НА за образовни програми на Малта го одобри проектот Pros4Democracy

Првиот извештај за Одржлива еднаквост (2019-2024) формиран во 2018 година предупредува дека неуспехот на Европа да се бори против економските, политичките и социјалните кризи „ќе доведе до демократски колапс, или затоа што популистичките и авторитарни екстремистички сили ќе добијат одлучувачка моќ низ Европа, или затоа што овие економски, социјални или еколошки кризи ќе достигнат дестабилизирачка фаза за општеството. […] постои потреба да се генерира и да се зајакне критичкото гласање и на ниво на земјите-членки на ЕУ и на европско ниво“.

Во исто време, истражувањата на Евробарометар покажуваат дека интересот на младите од 15 до 24 години за европските избори останува значително помал од оној на нивните постари сограѓани.

Највисока стапка на апстиненција на европските избори во 2014 година е забележана кај младите, иако повеќето од нив членството во ЕУ го сметаат за позитивно (над 70% според последното истражување на Евробарометар).

Во Северна Македонија, која иако не е дел од европското семејство, но има аспирации да стане, околу 40% од младите имаат позитивен став кон неформалната политичка партиципација и затоа во голем број апстинираат од гласање. Ова е вака бидејќи голем дел од младите се разочарани, бидејќи во водечките политички институции се многу малку или воопшто не се застапени. Според последната анализа на Фондацијата Вестминстер, речиси половина од програмите на политичките партии нудат многу малку или ниту една мерка за млади.

Во овој контекст, проектот Pros4Democracy има за цел да ги обучи и поттикне младите луѓе и младинските лидери да:

  • стекнуваат критички вештини потребни за да се информираат за она што се случува околу нив;
  • преку подобра медиумска писменост да станат свесни за европските вредности на демократија, социјална солидарност и одржлива еднаквост
  • да ги користат своите таленти и вештини во кампања на социјалните медиуми за да ги едуцираат своите врсници и заедници за критичкото гласање и важноста на учеството во демократскиот процес, и
  • да станат активни европски граѓани, подготвени да ги промовираат европските вредности во нивниот иден професионален живот.

 

Активности*

Проектот кој е дел од ЕРАЗМУС програмата за млади предвидува повеќе работилници на темата гласање и младинското учество на изборите, како и една пет дневна работилница во Малта. за европските вредности, активно граѓанство и медиумска писменост. Паралелно со ова предвидени се работлилници на национално ниво, преку кои ќе се обидеме на учесниците да им ги пренесеме европските вредности и неопходноста од учество на младите на избори.

На работилниците учество ќе земат млади активни граѓани и младински лидери, социјални работници, водачи на образовни проекти
заинтересирани за критичко размислување, европската политика и социјалните медиуми…

Време траење на проектот е 18 месеци, а започна на 1 март 2022.

Партнери на проектот се;

VisMedNet (Малта, координатор)
Valida (Италија)
Le Laba (Франција)
Graphistes de l’Ombre (Франција)
Uniamoci Onlus (Италија)
Новинари за човекови права (Република Северна Македонија)
Youthfully Yours (Словачка)
Democracy and Law Youth Association (Турција)

 

 

Почеток на проектните активности на Pros4Democracy

Во Рим, на 13 и 14 април се одржа првиот заеднички состанок на сите партнери во проектот Pros4Democracy

На состанокот ги поставивме основите за понатамошната (со)работка. Лидер организацијата преку неколку подточки не воведе во самиот проект, а и се запознавме меѓусебно,  говоревме за валидација на планирањето, создавање на интранет за полесна комуникација.

Ги поставивме и темелите за содржината на прирачникот, а ги поделивме и задачите за секоја партнер оргаизација.

До следниот состанок, во јули во Палермо, секоја организација треба да развие методологија за дониените темии да развие прирачник.

Линк до проектот:

http://pros4democracy.internprize.eu/

https://www.facebook.com/prosfordemocracy