Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија
12.07.2024-31.03.2025
НЧП во рамките на програмата „Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија“ на Совет на Европа ќе го имплементира проектот кој има за цел да одговори на распространетите прашања на дискриминација, говор на омраза и нетолеранција во локалните заедници во Северна Македонија. Повикувајќи се на препораките и документите дадени во повикот за предлози, особено од Советот на Европските тела за мониторинг, проектот се стреми да се бори со овие предизвици преку спроведување насочени интервенции. Овие интервенциите се дизајнирани да се усогласат со принципите наведени во наведените документи, вклучувајќи ја и Препораката на Комитет на министри за борба против говорот на омраза, препораки за општа политика (ГПР) на ЕКРИ и други релевантни стандарди.
Општата цел на проектот е да придонесе за создавање инклузивни и толерантни локални заедници во Северна Македонија
преку ефикасна борба против говорот на омраза и дискриминацијата. Со спроведување на препораките и насоките наведени во референтни документи, проектот има за цел да поттикне средина каде што поединци од различно потекло можат да коегзистираат мирно и пристап до нивните права без страв од дискриминација или прогон.
Здружени против говорот на омраза: Подигнување на свеста како клуч за инклузивно општество во Македонија
Борбата против говорот на омраза е еден од најважните аспекти во заштитата на човековите права и промоцијата на општествената кохезија. Говорот на омраза не само што поттикнува дискриминација и насилство, туку и создава длабоки поделби во општеството. Препораката за општа политика на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) бр. 15 претставува значаен чекор во борбата против говорот на омраза и воспоставување на правна и институционална основа за справување со овој феномен, вклучително и важноста на подигањето на свеста.
Оваа препорака го истакнува потребното внимание за превентивни активности и едукација, при што ја нагласува улогата на јавноста, медиумите, образовните институции и граѓанското општество. Секој од овие актери има клучна улога во подигање на свеста и промоција на толеранција. Во однос на ЛГБТ заедницата, која често е цел на говорот на омраза, се јавува дополнителна потреба од насочени кампањи и иницијативи за образување на јавноста за придонесите, правата и значењето на ЛГБТ лицата во едно инклузивно и праведно општество.
Во Македонија, каде свеста за овие прашања сè уште е на ниско ниво, активностите за подигање на свеста се од есенцијално значење. Секој напор за промоција на разбирање и прифаќање во општеството има моќ да ги менува предрасудите, да ги намали непријателските ставови и да отвори простор за поголемо меѓусебно почитување. Токму ваквите активности ја овозможуваат и примената на Препораката бр. 15, со што се градат и поттикнуваат институции што работат на основа на принципите на еднаквост и инклузија.
Активностите за подигање на свеста, како јавни кампањи, образовни програми, тренинзи за медиумите и форуми, можат да одиграат значајна улога во разбивањето на стереотипите кон ЛГБТ лицата и да придонесат кон создавање на безбедна и пријателска средина за сите граѓани, без разлика на нивната сексуална ориентација или родов идентитет. За успешна реализација, поддршката од власта и медиумите е неопходна, додека граѓанските организации имаат клучна улога во иницирањето и водењето на вакви кампањи. НЧП во своите напори да ја зголеми свесноста на оваа тема го најавува започнувањето на Правната клиника која ќеима за цел да ја подобри правна заштита за жртвите во однос на говор на омраза и дискриминација, како и напори за застапување кои водат кон политика на промени.
Говорот на омраза е предизвик кој бара систематски, долгорочен пристап со цел да се постигне трајна промена. Преку постојано едуцирање и создавање на поголема свест, Македонија може да направи значајни чекори кон намалување на говорот на омраза и воспоставување на инклузивно општество кое се темели на меѓусебна почит и толеранција.
Проектот е финасира од програмата „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, како дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“
Трендови на медиумското покривање на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија
Во македонските медиуми, покривањето на ЛГБТ заедницата се движи помеѓу неутрален и негативен тон, со релативно мал удел на позитивни стории. Оваа анализа покажува дека повеќе од 45% од содржините кои ја вклучуваат ЛГБТ заедницата се со негативен тон, додека околу 35% од вестите се неутрални. Само 20% од медиумските приказни за ЛГБТ заедницата носат позитивен контекст, со акцент на правата и прифаќањето.
Негативниот тон, кој често се поврзува со дискусии за дискриминација или со стереотипни наративи, создава пречки за разбирање и инклузија. Неутралните содржини најчесто ги прикажуваат ЛГБТ лицата без емотивен набој, пренесувајќи ги настаните или фактите, но без суштинска поддршка за правата и позитивните придонеси на оваа заедница. Позитивните приказни, иако малубројни, главно се фокусираат на прикажување примери на личен и професионален успех на ЛГБТ лицата, што е охрабрувачки, но недоволен за промена на јавната перцепција.
Овие резултати укажуваат на потребата за поголемо вклучување на инклузивни медиумски стратегии и кампањи за подигање на свеста, кои ќе ја поддржат ЛГБТ заедницата и ќе ги намалат предрасудите. Преку ваквите активности, медиумите можат да играат клучна улога во унапредување на социјалната кохезија и прифаќањето на различностите во македонското општество.