Хотели за опрашувачи
Урбано пчеларење
Густата градска населеност нуди се помалку средини погодни за опстанокот на животот на опрашувачите (пчели, бумбари) – односно се помалку зелени средини, паркови, растенија. Од друга страна намалувањето на бројот на опрашувачи може да доведе до намалување, па дури и загуба, на многу растителни видови, како и на организми кои зависат директно или индиректно од нив. Покрај тоа, намалувањето на бројот и разновидноста на опрашувачите влијае на безбедноста на храната и со себе носи потенцијални загуби на земјоделските приноси.
Само колку за илустрација, во ЕУ, 78 проценти од видовите диви цвеќиња и 84 проценти од земјоделските видови барем делумно зависат од опрашување со помош на животни, што овозможува поголема разновидност и повисок квалитет на овошје, зеленчук, ореви и семиња. Култури кои во средна или голема мера зависат од опрашување од инсекти се јаболка, портокали, јагоди, кајсии, цреши, но и грав, краставици, тикви, потоа билки како босилек, мајчина душица и камилица, како и култури како домати, пиперки и агруми.
Се проценува дека пет до осум проценти од сегашното глобално растително производство може директно да се припише на опрашување со помош на животни. Освен фактот дека дивите и домашните опрашувачи се исклучително важни за снабдување со храна и биодиверзитет, тие директно придонесуваат за производство на лекови, биогорива, влакна (памук и лен) и градежни материјали (дрва).
Опрашувачите се изложени на разни човечки влијанија како што е пренамена на земјиштето поради земјоделство и урбанизација, што доведува до губење и деградација на природните живеалишта, додека интензивното обработување на земјиштето и употребата на пестициди доведуваат до хомогенизација на површината и загрозување на биодиверзитетот. Покрај тоа, инсектите што опрашуваат, а особено пчелите, се загрозени од инвазивни видови како што се жолтоножниот стршлен (Vespa velutina) и паразити. Кон овие ефекти секако треба да се додадат климатските промени и зголемувањето на температурите и сè поизразените екстремни временски услови.
Во рамките на нашите настојувања з азаштита на полинаторите, направена е брошура на тема УРБАНО ПЧЕЛАРЕЊЕ.
Проектот е подржан од Британската амбасада во Скопје.