Pros4Democracy
НА за образовни програми на Малта го одобри проектот Pros4Democracy
Првиот извештај за Одржлива еднаквост (2019-2024) формиран во 2018 година предупредува дека неуспехот на Европа да се бори против економските, политичките и социјалните кризи „ќе доведе до демократски колапс, или затоа што популистичките и авторитарни екстремистички сили ќе добијат одлучувачка моќ низ Европа, или затоа што овие економски, социјални или еколошки кризи ќе достигнат дестабилизирачка фаза за општеството. […] постои потреба да се генерира и да се зајакне критичкото гласање и на ниво на земјите-членки на ЕУ и на европско ниво“.
Во исто време, истражувањата на Евробарометар покажуваат дека интересот на младите од 15 до 24 години за европските избори останува значително помал од оној на нивните постари сограѓани.
Највисока стапка на апстиненција на европските избори во 2014 година е забележана кај младите, иако повеќето од нив членството во ЕУ го сметаат за позитивно (над 70% според последното истражување на Евробарометар).
Во Северна Македонија, која иако не е дел од европското семејство, но има аспирации да стане, околу 40% од младите имаат позитивен став кон неформалната политичка партиципација и затоа во голем број апстинираат од гласање. Ова е вака бидејќи голем дел од младите се разочарани, бидејќи во водечките политички институции се многу малку или воопшто не се застапени. Според последната анализа на Фондацијата Вестминстер, речиси половина од програмите на политичките партии нудат многу малку или ниту една мерка за млади.
Во овој контекст, проектот Pros4Democracy има за цел да ги обучи и поттикне младите луѓе и младинските лидери да:
- стекнуваат критички вештини потребни за да се информираат за она што се случува околу нив;
- преку подобра медиумска писменост да станат свесни за европските вредности на демократија, социјална солидарност и одржлива еднаквост
- да ги користат своите таленти и вештини во кампања на социјалните медиуми за да ги едуцираат своите врсници и заедници за критичкото гласање и важноста на учеството во демократскиот процес, и
- да станат активни европски граѓани, подготвени да ги промовираат европските вредности во нивниот иден професионален живот.
Активности*
Проектот кој е дел од ЕРАЗМУС програмата за млади предвидува повеќе работилници на темата гласање и младинското учество на изборите, како и една пет дневна работилница во Малта. за европските вредности, активно граѓанство и медиумска писменост. Паралелно со ова предвидени се работлилници на национално ниво, преку кои ќе се обидеме на учесниците да им ги пренесеме европските вредности и неопходноста од учество на младите на избори.
На работилниците учество ќе земат млади активни граѓани и младински лидери, социјални работници, водачи на образовни проекти
заинтересирани за критичко размислување, европската политика и социјалните медиуми…
Време траење на проектот е 18 месеци, а започна на 1 март 2022.
Партнери на проектот се;
VisMedNet (Малта, координатор)
Valida (Италија)
Le Laba (Франција)
Graphistes de l’Ombre (Франција)
Uniamoci Onlus (Италија)
Новинари за човекови права (Република Северна Македонија)
Youthfully Yours (Словачка)
Democracy and Law Youth Association (Турција)
Почеток на проектните активности на Pros4Democracy
Во Рим, на 13 и 14 април се одржа првиот заеднички состанок на сите партнери во проектот Pros4Democracy
На состанокот ги поставивме основите за понатамошната (со)работка. Лидер организацијата преку неколку подточки не воведе во самиот проект, а и се запознавме меѓусебно, говоревме за валидација на планирањето, создавање на интранет за полесна комуникација.
Ги поставивме и темелите за содржината на прирачникот, а ги поделивме и задачите за секоја партнер оргаизација.
До следниот состанок, во јули во Палермо, секоја организација треба да развие методологија за дониените темии да развие прирачник.
Линк до проектот:
http://pros4democracy.internprize.eu/
https://www.facebook.com/prosfordemocracy[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
Jули 2022 година
Втора средба во Палермо чиј домаќин е Uniamoc Onlus. Дискусиите за брендот и употребата на дигитални алатки за производство на резултатите од проектот беа важен дел од овој состанок. Ова исто така беше можност партнерите да ги искусат активностите за инклузија во пракса од страна на Uniamoci Onlus.
Декември 2022 година
Трета средба во Марсеј. Партнерите сега започнаа нова фаза од проектот со креирање на содржина и иницирање на европската дебата за повисоко и подобро учество во демократските процеси. Наскоро ќе организираме пилот активности со млади и во секоја земја.
Април 2023 година
Активност за обука во Малта и можност за уште еден координативен состанок за тестирање на материјалите на Pros4Democracy со младите и за планирање на следните месеци. Обуката беше добро посетена од сите партнери и сите тие придонесоа ова да биде несекојдневно искуство насекаде. Pros4Democracy ги здружи силите со мини европско собрание на NSTF, така што младите учествуваа во европската дебата во парламентот на Малта.
Во рамките на проектот креативниот тим на Pros4Democracy создаде повеќе приказни за младите и гласањето:
Analysis of advertising policy.pptx
Politics and social media.pptx
TV show political analysis (debate).pptx
Voters’ rights, important voting dates and deadlines.pptx
Trustworthiness of Mass Media and Reporters.pptx
Engaging in Digital Activism.pptx
Separate facts from opinions.pptx
Purpose of media sources – Information, Persuasion or Bias.pptx
Fake News_ and The Responsibilities of The Media Creators.pptx
Managing your bias as a voter.pptx
The dignity of citizen_ free, responsible and active citizen.pptx
Preventing election-related violence, hate-speech or bullying.pptx