Новинари за човекови права издадоа Документ на политики: Конципирање модел на рамка за исчезнати лица и заклучоци од студии на случај со семејства од социјален ризик во Северна Македонија со посебен акцент кон отсуството од образование како потенцијален ризик од исчезнување.
Документот е изработен во рамки на Пилот проект: „Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ спроведуван од Новинари за човекови права и управуван од ЕКПАТ Австрија.
Овој материјал е изготвен со помош на Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија.