Кост – бенефит анализа на производите за МХ

20.11.2020 – 20.09.2021

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ

Намалувањето на ДДВ-то од 18% […]

Пет отсто ДДВ за менструалните производи, веднаш!

Женските граѓански организации од Министерството […]

МЕНСТРУАЦИЈАТА НЕ Е ЛУСКУЗ

Погледнеет ги првичните резултати од […]

Трошковна анализа за цената на менструалните производи

 

Новинари за човекови права во своите настојувања никој да не остане запоставен во пристапот до средства за управување со менструалното здравје, ја направи трошковната анализа за менструалните производи во рамки на проектот  “Мрежа за родов надзор на буџетот во Западен Балкан и Република Молдавија” , подржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна соработка, со цел да се понудат решенија за ублажување на состојбата со менструалната сиромаштија и побрзо постигнување на ЦОР 6.2.

За потребите на истражувањето беше направена анонимна анкета во која беа опфатени 1.290 жени од рурална и урбана средина, на возраст меѓу 14 и 48 години. Жените одговараа на однапред подготвен прашалник, а податоците од анкетните прашалници беа статитсички обработени, а од добиените податоци се изработија тебалерни и графички прикази.

Со анкетното истражување кое ни помогна во обработка на трошковната анализа, собравме податоци во однос на следните области:

– Демографски и социо-економски карактеристики;

– УМЗ и условите под кои се управува;

– Цената на средствата за УМЗ, на лековите и лечењето за време на периодот;

– Грижата за сопственото здравје и грижата за животаната средина;

 

Троковна анализа за цената на производите за менструално здравје