Родова еднаквост

Во рамките на оваа програма ќе опстојува канцеларија во која ќе се третираат правата за родова еднаквост, промоција на проекти кои се однесуваат на правата на жената, борбата против насилството врз жената, како и посебна канцеларија за Резолуција 1325, во рамките на оваа програма.

Pазвој на алтернативниот туризам

НЧП во рамките на промените во програмскиот развој, отвори и програма за развој на алтернативниот туризам, со особен акцент на развој на алтернативниот туризам во Преспанскиот регион за што ќе биде одговорна нашата канцеларија во Ресен. Едукација, тренинзи и работилници за граѓаните заинтересирани за развој на алтернативниот туризам ќе бидат наша цел

Заштита на маргинализираните групи

Децата на улица, децата од социјално загрозените семејства и децата Роми ќе бидат наша целна група и директно ќе им се нуди помош

Здравје и животна средина

Во соработка со партнер организацијата WECF отворивме сектор кој е задолжен за воспоставување на стандарди за хемиски и еколошки исправни производи на македонскиот пазар, безбедна вода и санитација, климатски промени…

Неформална едукација

Во оваа програма е предвидена едукација на младите новинари во четири сесии, секоја во траење од по еден месец. Предвидено е на секоја сесија да има по еден предавач од странство признат во својата работа како новинар енвироменталист. Во оваа школа подеднакво ќе се работи со новинарите и од пишаните и од печатените Mедиуми. Паралелно постои и Новинската еколошка агенција (НЕА).

Ненасилство и решавање на конфликти

НЧП како национални координатори на кампањата Контрола на оружјето, отвори програма за Ненасилство и решавање на конфликти, како и програма за неконвенционално оружје, во чии рамки егзистираат канцелариите на Коалицијата за касетна муниција (CMC) и на Меѓународната коалиција за забрана на нуклеарното оружје (ICAN).

Get Ready for Small Arms and Weapons 2017 Campaigns

Женско претприемништво

Оваа програма се однесува на отворање и подршка на канцеларија за едукација и тренинг на жени претприемачки со цел економско зајакнување на жените.

Развој на електронски медиуми

Во оваа програма е прдвидено развој на електронски медиуми и поставување на портал.

text.mk