Новинари за човекови права заедно со Балканската мрежа за вода и санитација денес го одбележуваат Глобалниот ден на миењето раце (#GlobalHandwashingDay).
Глобалниот ден на миење раце е кампања за мотивирање и мобилизирање на луѓето ширум светот да ги подобрат навиките за миење раце. Миењето на рацете во критичните моменти во текот на денот и миењето со сапун се подеднакво важни.
Новинари за човекови права во рамки на своите активности во WASH програмата за безбеден пристап до вода и санитација и хигиена, работи и на подигање на свеста за важноста од пристап до санитарии со вода и сапун.
Миењето раце со сапун и вода е еден од најефикасните и најефтини начини за спречување на болести, но пристапот до вода и сапун за миење раце се разликува радикално низ светот:
-Само едно од четири лица во слабо развиените земји има санитарии со сапун и вода во домот;
-Само 15% од луѓето во под-сахарска Африка имаат санитарии;
-Од друга страна 76% од луѓето во Западна Азија и Северна Африка имаат санитарии.
Од истражувањето на НЧП во училиштата во руралните средини во Македонија во 70% од санитарните простории нема сапун, во одреден дел и пристапот во вода за миење раце е ограничен.
Миењето на рацете со сапун е лесна, ефективна, прифатлива практика која спречува инфекции и спасува животи.
Миењето на рацете со сапун е лесно.
Секој може да се заштити себеси, своето семејство и својата заедница преку миење раце со сапун. Иако тоа бара малку ресурси-сапун и мала количина на вода – придобивките се значајни.
Миењето на рацете со сапун е ефективно.
Кога миењето раце со сапун се практикува редовно во клучните периоди, како на пример по користење на тоалетот или пред контакт со храна, може драматично да се намали ризикот од дијареа и пневмонија, кои може да предизвикаат сериозни заболувања и смрт. Миењето на рацете со сапун, исто така, помага да се спречи ширењето на други инфекции, вклучувајќи и грип и ебола.
Миењето на рацете со сапун е достапно.
Извештајот на СЗО спроведен во 2017 година ги анализираше мерките за навиките на миење раце во Анализи со повеќе индикатори и Демографски и здравствени истражувања од 51 земја помеѓу 2010 и 2013 година и утврди дека разликите во достапноста на сапун се мали или не постојат во земјите, што значи дека достапноста на сапун е речиси универзална. И покрај фактот дека најсиромашните домаќинства во светот имаат помалку шанси да имаат пристап до сапун, цената не е главната препрека за миењето раце со сапун.
Повеќето лица низ светот можат да си дозволат парче повеќенаменски сапун или детергент за да направат сапунеста вода. Многу домаќинства кои имаат пристап до сапун често го користат за перење, миење садови или капење, наместо за миење раце. Инвестициите во промоцијата на миењето раце се високо ефективни и можат да ги зголемат здравствените придобивки од другите интервенции – од пристап до чиста вода и санитација до промоција на исхраната.