Невладината организација „Новинари за човекови права“ објавува јавен повик за избор на најповолен понудувач/и за адаптација на простор во рамки на проектот „Зајакнување на иднината“.
Овој двогодишен пилот проект, финансиран од Министерството за социјални работи на Австрија и спроведен во партнерство со ECPAT Austria, има за цел да го адресира детското сиромаштво и да овозможи социјална инклузија за семејствата во ризик. Адаптираниот простор ќе функционира како дневен центар во Скопје, обезбедувајќи клучни ресурси и поддршка за најранливите групи.
Опис на адаптацијата:
Адаптацијата на просторот опфаќа следниве активности:
• Вградување на гипс картонски ѕидови.
• Изработка/набавка и вградување на ПВЦ прозори.
• Изработка/ набавка и вградување на собни врати.
• Изработка/ набавка и вградување на санитарни јазли, вклучително одвод, довод на вода и санитарија.
• Инсталирање систем за климатизација и греење (вградување на клима-уреди).
• Набавка и поставување на ламинатен под.
• Инсталација на струја и осветлување (по штекер и по светлосна точка).
• Фарбање и рамнење на внатрешни ѕидови и тавани (по 1м²).
• Надворешно фарбање на дрвена фасада.
Технички карактеристики на просторот:
• Вкупната површина за адаптација изнесува 220 м².
• Просторот се состои од 9 простории, ходник и санитарен чвор.
Услови за учество:
Понудувачите треба да ги исполнат сите законски одредби и регулативи за изведба на градежни активности.
Критериуми за избор:
Најповолниот понудувач ќе биде избран врз основа на следните критериуми:
• Време на изведба – 35%
• Цена – 35%
• Квалитет – 20%
• Флексибилност во изведбата – 10%
Дополнителни информации:
• Понудата е делива, што значи дека е можно доделување на различни делови од проектот на различни понудувачи.
За проектот:
Проектот „Зајакнување на иднината“ нуди холистичка поддршка преку три фази:
1. Материјална поддршка: Обезбедување храна, хигиенски производи и облека за децата и семејствата.
2. Социјална и едукативна поддршка: Туторство, професионална обука и програми за ресоцијализација.
3. Пристап до здравствена заштита: Советување и помош за пристап до социјални и медицински услуги, особено за деца без правна документација.

За сите дополнителни информации и поднесување на понудите, заинтересираните страни можат да се обратат на empoweringfuturesjhr@gmail.com или на 071/317-618 Накова Андреа.