Интервенција на Андреа Накова на Пленарната сесија на Регионалниот форум на УНЕЦЕ за одржлив развој
Дами и господа, почитувани министри и колеги,
Прво, дозволете ми да се претставам, моето име е Андреа и сум 20-годишна студентка, младински координатор во “Скриен херој во секое дете”, работам со деца Роми и деца на улица во балканскиот регион. Од мене беше побарано да ги споделам главните пораки од претходна средба на граѓанското општество, организирана од Механизмот на ангажманот за ангажирање на земјите од регионот во рамки на ЦоР.
Дозволете ми да започнам со ЦОР4.
На глобално ниво над 265 милиони деца во моментов се надвор од училиштето. Иако доаѓам од земја каде што основното и средното образование е задолжително, сепак, 2/3 од младите не можат да разликуваат специфични букви од нашата кирилица. Ова е информација од Светската банка. Ромите и децата на улица се најмногу изложени на ризик.
Целта ја нагласува важноста на доживотното учење. Постарите луѓе, немаат можности за образование за возрасни, што доведува до дискриминација на пазарот на трудот и други исклучоци. Сите ние имаме право на квалитетно образование, без оглед на возраста, бојата на кожата, верското уверување, економскиот статус, попреченоста, сексуалната ориентација или родовиот идентитет.
Ги повикуваме сите земји-членки на УНЕЦЕ значително да ги зголемат буџетите наменети за образование, почнувајќи од детска градинка до доживотно учење. И, секако, треба да вклучиме во наставната програма образование за одржлив развој, климатски промени, родова еднаквост, човекови права и сеопфатно сексуално образование. Ова е најефективната стратегија за постигнување на ЦоР.
Форум на ГО, исто така, дојде со клучните пораки за ЦоР 8:
Граѓанскиот простор, пристојната работа и демократските права се уништуваат. На работниците им се задушени правата, се соочуваат со заплашување и вознемирување. Се повеќе и повеќе жени и мажи немаат социјална заштита, како што се здравствената заштита и пензиите. 89 милиони луѓе во светот доживеале некоја форма на модерно ропство, вклучително и во Европа, а особено во Русија. Детскиот труд е далеку од искоренување во регионот. Треба да ги почитуваме човековите права подеднкво и на сите.
Ние повеќе не веруваме во лажното решение за инвестирање во растот на БДП. Во Европа, растот на БДП оди рака под рака со порастот на бројот на сиромашни работници, истребување на видови и загадување на воздухот. Наместо тоа, потребни ни се политики кои го поттикнуваат растот на благосостојбата за сите во рамки на планетата.
Исто така, во однос на ЦОР10, нееднаквостите во нашиот регион се зголемуваат.
26те најбогати поединци во светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,6 милијарди луѓе. Речиси сите овие екстремно богати поединци се од нашиот регион. Продолжува капиталниот бег и незаконските финансиски текови. Овој форум треба да даде силен повик за затворање на даночните рајови во нашиот регион и конечно да проработи даночната правда. ЦоР10 исто така се бори за рамноправност во нашите земји. Многу луѓе доживуваат дискриминација и исклучување, како што е врз основа на возраста, полот, инвалидитетот, ЛГБТИ, етничките групи, мигрантите итн. ЦоР 10 затоа е и лакмусовиот тест за успехот на ЦоРовите: дали навистина ќе имаат корист сите луѓе доколку се остварат ЦоР и никој да не остане надвор од придобивките од нив?
За ЦоР климатското прашање е прашање на правдата.
Во Мозамбик илјада луѓе се плашат од смртта, предизвикана делумно од нашите емисии. Во нашиот регион, имаме најголеми климатски емитери, како и силна енергетска сиромаштија. Треба да обезбедиме правичен пристап до одржлива енергија, особено за ранливите групи. Владите мора да имаат приоритет во инвестирањето во мали обновливи извори на енергија за ниски и средни примања. Но, наместо тоа, ние сме исплашени од инвестициите во нови рудници за јаглен и нуклеарни централи во мојот регион. Ве повикуваме итно да ги отстраните субвенциите за фосилни горива и нуклеарно оружје.
Во однос на ЦоР 16, Глобалните воени трошоци се зголемуваат и бројат речиси 2 трилиони евра. Трилиони !!! Иако не можеме да обезбедиме образование. Итно ни треба да се согласите за глобална забрана на оружјето и за решавање на штетите од осиромашеното ураниумско оружје. Треба да развиеме ефикасни, одговорни и транспарентни институции, за да обезбедиме инклузивно учество во процесите на донесување одлуки, проактивно објавување на информации од јавен карактер, како и пристап до информации, во согласност со Архуската конвенција.
Дозволете ми да завршам, укажувајќи форумот на ГО повикува на посилно признавање на придонесот на граѓанското општество во процесот на Агенда 2030.
Многу од главните групи и засегнатите страни придонесуваат со свои податоци и алтернативни извештаи. Досега, нашите извештаи не се ставаат на веб-страницата на ОН за да се споделат со носителите на одлуки. Сакаме овој регионален форум да го повика ЕКОСОК да ги објави нашите алтернативни извештаи и да стане дел од политичкиот процес на национално ниво во нашите земји.
Дозволете ми да завршам со цитат од Грета Тунберг, нашиот лидер на движењето Глобален Климатскиот штрајк.
“Ние немавме изговори и не бегаме од вас. Дојдовме овде за да ве известиме дека промената доаѓа, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не “.
Ви благодарам