Новинари за човекови права со поддршка од Британската Амбасада во Скопје во рамки на проектот „Смени ги климатските промени“ организира натпревар за најдобро уметничко дело на истоимената тема.
Уметничките дела треба да ја опфатат темата животна средина, климатски промени, иднина, планетата Земја…
Натпреварот трае до 15 Јануари, а потоа жирито и н.е. Рејчел Галовеј ќе го одбере најдоброто дело кое во текот на февруари ќе биде изложено на билборд во г. Скопје.
Вашите цртежи кои вклучуваат и порака за заштита на животната средина пратете ни ги во инбокс во ПДФ верзија на нашата ФБ страна или на маил detstvo@detstvo.org.mk, или во оргинална верзија на ул.Страшо Пинџур бр.7/4
Ве очекуваме