Следејќи ги искуствата на другите земји кои имаат системи за предупредување за исчезнати деца, првата фаза од Пилот проектот за систем за рано предупредување за исчезнати деца во Северна Македонија од 1 јули 2021 година до 31 декември, заврши со воведување на веб-страницата на системот за рано предупредување. Со цел целосно заокружување на Системот за рано предупредување за исчезнати деца и обезбедување на негово функционирање и одржливост, ГО „Новинари за човекови права“ во соработка и под проектно раководство на „ЕKПАТ Австрија“, во следните 12 месеци, од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023, ќе спроведе голем број активности кои произлегоа од досега спроведените активности и од состаноците и дискусиите со општествени чинители.
Една од главните цели со цел да се зајакне системот за рано предупредување за исчезнати деца е градењето капацитети за институционалните претставници ефективно да споделуваат информации за децата кои отсуствувале од училиште повеќе од три дена со цел се повеќе да се елиминира ризикот од исчезнување на децата. За таа цел ќе се одржат две обуки (по два дена) за институционални претставници (офицери за заштита на податоци во училиштата – 10 училишта како пилот пример, претставници од МВР, Бирото за развој на образованието, Министерството за здравство, социјални работници).
Двете дводневни обуки ќе бидат организирани за најмногу 15 институционални претставници да стекнат способност за меѓуинституционална размена на информации и да ги стават на располагање на веб-страницата Систем за рано предупредување за исчезнати деца. Тие, исто така, ќе научат за моделите за решавање конфликти, градење доверба и одржливи односи меѓу наставниците и родителите, управување со траума и ќе бидат сензибилизирани за трговија со деца.
Потоа, ќе се развие софтвер за да се олесни размената на информации меѓу релевантните институции во Северна Македонија за децата кои отсуствуваат од училиште со цел да се намали ризикот од исчезнување на децата.
Бидејќи другата главна цел е да се дознае повеќе за условите за живот на децата во семејства со несигурни и социо-економски загрозени животни ситуации, ќе се спроведат 5 студии на случај за да се идентификуваат причините за исчезнувањето на децата и отсуствата од училиште и ќе се подготват препораки и ќе се достават до Министерството за труд и социјала со барање за спроведување.
Друга цел е да се зајакне капацитетот и вмрежувањето на новинарите кои известуваат за социјални прашања и исчезнати деца, така што 4 новинари од Австрија ќе бидат поканети на студиска посета за да подготват приказна за нивните медиуми и да ја подигнат свеста за ова прашање во поширока смисла и да придонест за понатамошна размена на искуства за ова прашање.
Проектот ќе работи и на стимулирање на општествено одговорни бизниси и подигање на јавната свест преку споделување информации за исчезнатите деца. На крајот, ќе се одржи завршна конференција на која ќе се претстави институционализираниот систем за рано предупредување за исчезнати деца, како и студиите на случај, стратешкиот документ и системот за размена на информации за поддршка на веб-страницата за предупредување за исчезнати деца https://najdime.org.mk/.