Со задоволство објавуваме дека започнува нашиот онлајн курс за дезинформации во рамките на проектот Future Chronicles. Курсот е наменет за млади кои сакаат да научат како да препознаваат и да се справуваат со манипулативни наративи, родово заснована дезинформација и дигитално насилство.

👉 Како да се приклучите:

За правилно следење на курсот преку паметен телефон, најпрво е потребно да ја симнете апликацијата Moodle.
Пристапот преку мобилен прелистувач може да не функционира правилно.

1️⃣ Инсталирајте ја апликацијата Moodle од App Store или Google Play.
2️⃣ По инсталацијата, скенирајте го QR кодот подолу – ќе ве однесе директно до курсот.

QR Code moodle

💡 Курсот е бесплатен и достапен за сите заинтересирани млади кои сакаат да ја зајакнат својата медиумска писменост и критичко размислување.