Борбата против говорот на омраза е еден од најважните аспекти во заштитата на човековите права и промоцијата на општествената кохезија. Говорот на омраза не само што поттикнува дискриминација и насилство, туку и создава длабоки поделби во општеството. Препораката за општа политика на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) бр. 15 претставува значаен чекор во борбата против говорот на омраза и воспоставување на правна и институционална основа за справување со овој феномен, вклучително и важноста на подигањето на свеста.

Оваа препорака го истакнува потребното внимание за превентивни активности и едукација, при што ја нагласува улогата на јавноста, медиумите, образовните институции и граѓанското општество. Секој од овие актери има клучна улога во подигање на свеста и промоција на толеранција. Во однос на ЛГБТ заедницата, која често е цел на говорот на омраза, се јавува дополнителна потреба од насочени кампањи и иницијативи за образување на јавноста за придонесите, правата и значењето на ЛГБТ лицата во едно инклузивно и праведно општество.

Во Македонија, каде свеста за овие прашања сè уште е на ниско ниво, активностите за подигање на свеста се од есенцијално значење. Секој напор за промоција на разбирање и прифаќање во општеството има моќ да ги менува предрасудите, да ги намали непријателските ставови и да отвори простор за поголемо меѓусебно почитување. Токму ваквите активности ја овозможуваат и примената на Препораката бр. 15, со што се градат и поттикнуваат институции што работат на основа на принципите на еднаквост и инклузија.

Активностите за подигање на свеста, како јавни кампањи, образовни програми, тренинзи за медиумите и форуми, можат да одиграат значајна улога во разбивањето на стереотипите кон ЛГБТ лицата и да придонесат кон создавање на безбедна и пријателска средина за сите граѓани, без разлика на нивната сексуална ориентација или родов идентитет. За успешна реализација, поддршката од власта и медиумите е неопходна, додека граѓанските организации имаат клучна улога во иницирањето и водењето на вакви кампањи. НЧП во своите напори да ја зголеми свесноста на оваа тема го најавува започнувањето на Праваната клиника која ќеима за цел да ја подобри правна заштита за жртвите во однос на говор на омраза и дискриминација, како и напори за застапување кои водат кон политика на промени.

Говорот на омраза е предизвик кој бара систематски, долгорочен пристап со цел да се постигне трајна промена. Преку постојано едуцирање и создавање на поголема свест, Македонија може да направи значајни чекори кон намалување на говорот на омраза и воспоставување на инклузивно општество кое се темели на меѓусебна почит и толеранција.

Проектот е финасира од програмата  „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, како дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“