Менструацијата е составен дел од животот на речиси секоја девојка и жена. Таа не е избор, ниту болест – туку природен телесен процес што започнува во пубертетот и се повторува секој месец. Но, за жал, дури и денес, темата за менструација е често игнорирана, затскриена или оптоварена со табуа. Кога станува збор за деца со посебни потреби, оваа невидливост станува уште посериозен проблем.
Учениците со попреченост се соочуваат со бројни бариери – комуникациски, физички, емоционални – кои го прават процесот на разбирање и управување со менструалната хигиена особено предизвикувачки. Девојчињата со попреченост често немаат пристап до соодветни информации, не разбираат што се случува со нивното тело, или не можат да ја искажат својата потреба за помош. Понекогаш не знаат како да користат хигиенски средства, не можат самостојно да пристапат до тоалет или доживуваат силна анксиозност од самото искуство. Во такви услови, недостатокот на поддршка може да доведе до срам, изолација, чувство на неуспех и напуштање на часови или училиште.

Новинари за човекови права во рамки на проектот WatSan разви алатка за наставниците, со цел инклузија на ученичките во управување со менструалното здравје.

Водич за наставници.