
РУДАРЕЊЕТО во Западен Балкан и влијанието врз животната средина
Добредојдовте на местото каде тишината на јаловиштата добива глас. Оваа страница е отворена за сите кои сакаат да дознаат што навистина се случува зад високите огради на рудниците – не само за копањето на богатството од земјата, туку и како се закопува иднината на цели заедници.
На оваа страница ќе можете да прочитате вистински приказни и да погледнете видео-сведоштва од регионот: Србија, Македонија, Турција, но и од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Грција и Црна Гора. Сите тие ја споделуваат истата судбина – еколошкиот товар на рударството, оставен на грбот на обичните луѓе.
Рудници што отвораат рани:
Во Бор и Мајданпек, Србија, жителите со години живеат со воздух кој мириса на сулфур и дим кој пече во очи. Само во 2023, измереното ниво на SO₂ во Бор надмина дозволените граници дури 83 пати. Децата се будат со астматични напади, а почвата околу е неплодна..
Во Јадар, каде се планира експлоатација на литиум од страна на компанијата Rio Tinto, граѓаните се кренаа во најмасовните еколошки протести во поновата историја на Србија. Нивниот отпор ги надмина границите на еден рудник – стана симбол на борбата за здрава животна средина..
Во Македонија, Казандол и Ореовец станаа името за тоа што значи да бидеш жртва на концесии дадени без јавна консултација, без студии за влијание врз здравјето. Рудникот во Казандол беше стопиран по граѓански отпор, но во Ореовец, консорциумот Bechtel-Enka сè уште е под лупа поради сомнежи за нелегална употреба на земјиште и еколошка деградација при изградба на патната инфраструктура.
Во Едремит, Турција, додека туристите уживаат на плажите, само 100 километри северно, рудник за бакар и злато ја уништува водата и шумите во регион познат по маслиновото масло. Локалните НВО алармираат за драматично опаѓање на квалитетот на почвата и маслиновите приноси.
Што се јаловишта?
Јаловиштата се отпадни маси што остануваат по ископувањето на металите. Во себе содржат тешки метали, сулфиди и отровни хемикалии кои, ако не се соодветно складирани, ги загадуваат подземните води и се носат со ветрот во најблиските населби. Во Бор, например, постојат повеќе од 12 милиони тони јаловишен материјал. Дел од него директно се излева во околните реки.
- За борбата на активистите во Албанија против мини за хром,
- За отпорот во Црна Гора околу концесиите за експлоатација на речен песок,
- за тоа како заедници во Босна и Херцеговина се обединија за заштита на реките од хидроелектрани и рударски операции,
- за гласот на жените активистки во Грција, кои стојат во првите редови на отпорот против златните копови во Халкидики,
- за тоа како во Косово се соочуваат со токсичното наследство на рудниците од поранешниот индустриски систем.
Бранителите на животната средина се совеста на нашето време — храбри жени и мажи кои, и покрај закани, тишина и притисоци, стојат на првата линија за да ја заштитат природата, водата, воздухот и здравјето на идните генерации.
Здравјето не е колатерална штета
Многу од рударските операции немаат основна еколошка лиценца, а уште помалку здравствена анализа. На оваа страница ќе следите и за недостигот од јасни здравствени политики, ќе чуете сведоштва на луѓе и ќе ги видите лицата на тие што веќе немаат време за чекање.
Медиумите имаат клучна улога — тие се очите и гласот на јавноста, сведочат за вистината зад затворените порти на рударските компании и ги пренесуваат приказните на заедниците што премногу долго биле игнорирани. Најдете ја листата на новинари од регионот кои ја третираат оваа проблематика и се дел од нашата мрежа.
Кликнете на регион на картата за да дознаете повеќе за истиот!

Како рударството влијае врз туризмот?
Туризмот и рударството се две клучни индустрии во многу земји, често со спротивставени интереси. Туризмот се потпира на нетрошени средини, локална култура и природна убавина, додека рударството може да доведе до значително влошување на животната средина. Во Србија, Црна Гора и Турција, двете индустрии се клучни за економскиот развој. Меѓутоа, долгорочната одржливост на туризмот во овие региони е сè повеќе загрозена од влијанијата на рударските активности. Овој труд истражува како рударството влијае врз одржливоста на туризмот, со фокус на деградацијата на животната средина, економските предизвици и социо-политичките динамики кои се во игра.
Следете ја страницата. Споделувајте ги содржините.
Гласот на екологијата во Западен Балкан е гласот на сите нас!
Оваа страна и сите материајли во неа се поддржани од EARTHWORK