На 15 мај 2025 година, официјално започна со работа Дневниот центар Гнездо – Центар за деца и родители во социјален ризик. Центарот претставува сигурно и поддржувачко место за семејства што се соочуваат со различни социјални, економски и семејни предизвици.
ШТО НУДИ ГНЕЗДО?
Центарот обезбедува психосоцијална, образовна, правна и практична помош и поддршка за:
- Деца на улица и деца во социјален ризик,
- Родители и семејства кои се соочуваат со сиромаштија, семејно насилство или маргинализација,
- Малолетни лица жртви на злоупотреба, експлоатација или занемарување
Во ГНЕЗДО, корисниците добиваат пристап до:
- Психолошка и социјална поддршка
- Едукативна и креативна помош и поддршка за учење и развој
- Правна помош и застапување
- Основна грижа- храна, хигиена, облека
КОЈ СТОИ ЗАД ГНЕЗДО?
Проектот е реализиран со поддршка на Сојузното министертво за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, и ЕКПАТ Австрија а го води Здружението Новинари за човекови права.
Континуирана поддршка центарот добива од:
- Министертвото за социјална политика, демографија и млади
- Центарот за социјални работи
- Единицата на локална самоуправа
РЕЗУЛТАТИ ОД ДОСЕГАШНАТА РАБОТА
Во првите неколку месеци од своето работење, Дневниот центар ГНЕЗДО:
- Индиректни корисници: 12 (за месец мај и јуни),
- Материјална помош: обезбедена за 9 семејства,
- Социјални услуги: Сите 11 семејства користеле услуги од социјалниот работник.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ИЛИ ПОСЕТЕТЕ НЕ НА:
📧 socijalen_rabotnik@gnezdo.org.mk
📞 ++389 071/791-821