По години борба, застапување и истрајност – денес започнува Првата сесија на Меѓувладиниот научен панел за хемикалии, отпад и загадување.

Загадувањето не е апстрактен проблем. Тоа ги труе нашите води, воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме. Ги погодува најмногу најранливите заедници и ги загрозува нашите права на здравје, достоинство и безбедна животна средина.

Овој панел е клучен чекор кон правда – затоа што науката конечно добива централен глас во носењето одлуки. Факти наместо одлагање. Докази наместо негирање. Акција наместо празни ветувања.

Ние сме тука. Присутни. Гласни. Одговорни.
За иднина без токсини.
За планета што штити живот, а не профит.

Време е за системска промена. Време е за дејствување.
Прочитајте го дневниот билтен од подготвителната средба на меѓувладиниот научен панел за хемикалии, отпад и загадување подготвен од страна на Женската група при УНЕП
ISP-CWP February 1st